Министерот Сали се заблагодари на амбасадорот на Франција за досегашната соработка и изрази подготвеност таа да продолжи и во иднина.Тема на средбата беше можноста за специјализации во Франција од областа на анестезиологијата, радиологијата, гинекологијата и педијатријата.Министерот Сали го информираше амбасадорот за посветеноста на Министерството за здравство во борбата против пандемијата Ковид-19, како и за активностите што се преземаат за изградба на новиот клинички центар.
/**
*/