1. Дали од 01.07.2013г.е-рецепт и е-упат не треба да се печати и во хартиена форма?
Во оваа фаза печатењето на електронскиот упат и електронскиот рецепт е задолжително. Лекарот е должен по електронското закажување на прегледот или креирањето на електронски рецепт истиот да го испечати. Од 01.07.2013 сите креирани упати и рецепти се електронски креирани преку националниот систем за електронски евиденции во здравството (mojtermin.mk). Упатот и рецептот задолжително содржат единствен број (код) кој се креира од системот mojtermin.mk. Со тој број упатот односно рецептот ќе се реализира во здравствена установа или во аптека соодветно.
2. Дали упатот е валиден иако е закажан за датум поголем од 30 дена?
Упатот важи 30 дена од денот на закажаниот преглед се додека не е завршена дијагностичката постапка односно епизодата на лекување.
3. Дали постојат протоколи и упатства и какви се истите во случај на прекин или недостаток на електрична енергија или интернет врска?
Да постојат, при секој прекин на интернет, струја, хардверски или софтверски проблеми, фармацевтот е должен да го реализира е-рецептот веднаш по овозможувањето на потребните услови за негова реализација иако лекот е издаден кога фармацевтот не бил во можност електронски да го реализира рецептот. При секоја таква реализација на е-рецепт, треба да се наведе причината заради која реализацијата на рецептот е направена со задоцнување.
Доколку на одредени места, поголем период има прекин на струја или интернет конекција, закажувањата треба да се изведат преку call-центарот на Министерството за здравство и тимот за техничка поддршка . Матичниот доктор е должен да се јави на телефонот за техничка поддршка 15 444 и на техничкото лице да му ги пренесе податоците за пациентот и интервенцијата/рецептот кон која треба да се упати/издаде.
5. Кој е доказот што треба да се доставува до ФЗОМ за извршената реализација на рецептите и која е потребната документација која ќе треба да се достави до ФЗОМ, земајќи го во предвид фактот дека во аптеките ќе доаѓаат и рецепти пропишани од претходните месеци, а се однесуваат на хроничните болни, а ќе има и електронски генерирани рецепти?
До крајот на 2013 година начинот на достава на фактурите и рецептите од аптеките до ФЗОМ останува како досега, според важечкиот договор склучен со ФЗОМ. Со имплементацијата на е-рецептот се утврдува само нов начин на достава на електронските фактури , сите податоци за истиот пристигаат во real-time до фондот за здравствено осигурување. Секој рецепт кој се препишува од матичните лекари од 1 јули 2013 година треба задолжително да се реализира веднаш при издавање на лекот кон пациентот. Важечките рецепти пропишани од лекар во периодот пред 1 јули 2013 (до 30 јуни 2013), треба да се прифаќаат од аптеките.
Податоците за реализираните е-рецепти за лекови на товар на ФЗОМ, се доставуваат автоматски до ФЗОМ со нивната реализација. На почетокот од нов месец (до 10ти во месецот), на аптеката ќе и се овозможи функционалност да ги провери и потврди сите издадени и реализирани рецепти за претходниот месец. Со самото потврдување, е-рецептите се праќаат до фзом. Веб апликацијата на МЗ автоматски го препознава рангот на рецептот и го класифицира во соодветната спецификација и креира фактура до ФЗОМ. До крајот на 2013 година начинот на достава на фактурите ќе се одвива паралелно на двата начини, преку USB и преку системот на МЗ. Извештаите од двата начини мора да бидат идентични. Електронските рецепти за месец јули 2013 година, аптеките мора да ги потврдат фактурите и истите да ги пратат до ФЗОМ најкасно до 10ти август 2013 година.
6. Лекарите на еден рецепт во моментов за иста генерика и јачина на лек на еден пациент пишуваат повеќе пакувања, а во аптеките може да се реализира само едно пакување по рецепт. Зошто тоа го дозволува апликацијата на лекарите и дали тоа може да се промени?
Тоа е грешка на софтверските компании кои имаат софтвер кај матичните лекари.Тие се информирани дека при креирањето на рецептот, еден рецепт се однесува на максимално едно пакување(скатула). Сите програмерски куќи започнаа со корегирање на софтверските решенија Секој рецепт си има свој Единствен број (код) на рецепт, односно еден рецепт = една скатула= еден уникатен број (код). Ако се издаваат лекарства за повеќе од едно пакување, треба да се генерираат посебни електронски рецепти за секе пакување(скатула), а не еден е-рецепт да се ископира (испечати) онолку пати колку што пакувања треба да се пропишат.
7. Дали во апликацијата на лекарите се направени сите потребни интервенции кои ќе овозможат аптеките да можат да добијат целосно валиден рецепт, на пр. со точен матичен број, точна дијагноза по МКБ10 за индикацијата на лекот, препорака од специјалист? – Овие податоци до сега генерираа проблеми кои имаа последици по аптеките.
Во системот на министерството за здравство (mojtermin.mk) се поставени сите активни генерики, форми и јачини на лекови, податоците континуирано се превземаат од регистарот на лекови од Бирото за лекови каде се дадени и референтните цени за лековите кои можат да бидат подигнати на рецепт на товар на ФЗОМ во аптеките. Готовите лекови кои немаат референтна цена (немаат фондовска шифра) не можат да се подигнат во аптека на рецепт на товар на ФЗОМ. Податоците за упатните дијагнози и факсимилите на лекарите се превземаат директно од ФЗОМ. При реализацијата на е-рецептите (lekovi.zdravstvo.
8. Дали на секој е-рецепт задолжително треба да стои ЕЗБО бројот, без разлика дали пациентот има ЕЗК или не? (ова се однесува за оние пациенти кој се уште немаат ЕЗК)
Независно од тоа дали пациентите поседуваат или не ЕЗК, сите осигуреници имаат свој ЕЗБО број, кој може да биде проверен преку самата реализација на електронскиот рецепт на апликацијата https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/ или на порталот мое осигурување (https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/). За реализацијата на електронскиот упат и електронскиот рецепт во оваа фаза не е потребно приложување на ЕЗК.