Министерот д-р Беким Сали ги поздрави присутните на V симпозиум од хуманитарен карактер, во организација на Македонското имплантолошко здружение.
-Како што знаете, и јас доаѓам токму од фелата на стоматолозите, така што ми се познати предизвиците со кои се соочуваат моите колеги и заеднички се стремиме кон целокупно унапредување на стоматолошката дејност. Воедно, наш заеднички императив е квалитетот на здравствените услуги за пациентите и во таа насока продолжуваме да инвестираме. Имплантологијата е исклучително значајна гранка на стоматологијата и верувам дека од овој симпозиум ќе произлезат бројни новини и научни достигнувања. Како и досега, Министерството за здравство и понатаму ќе ве поддржува во развојот на имплантологијата, воведувањето нови техники и методи со цел да овозможиме што е можно поквалитетни стоматолошки услуги за пациентите, истакна министерот Сали.