ПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА Е-ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство предводено од д-р Фатмир Меџити,  денес одржа јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, изработена од Управата за електронско здравство, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД.

-На новата платформа Е-Здравство, што ќе биде официјален сајт на Управата за електронско здравство „Мој Термин„ ќе бидат достапни сите информации и новости поврзани со дигиталните процеси. Ова е од особена важност посебно во делот за имунизација, бидејќи токму денес почнува и Меѓународната недела на имунизација.

Е-здравство има и посебен дел посветен на имунизација, со што им овозможува на родителите, старателите и на општата јавност пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место, истакна министерот Меџити во своето обраќање.  Ве охрабруваме сите да ја користите оваа веб платформа како алатка и да ја препорачате како извор за лесен пристап до проверени информации.

Линк:
https://e-zdravstvo.mk

Сподели на:

Related Posts