РАБОТИЛНИЦА ,, ФЕТАЛНА ЕХОКАРДИОГРАФИЈА” ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО ЗА ГИНЕКОЛОЗИ И АКУШЕРИ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА

Денес започна работилницата ,, Фетална Ехокардиографија” во Клиничката Болница Тетово за гинеколози и акушери од целата држава организирана од Министерство за Здравство во соработка со ,,Здружение на Лекари-Албанци на Република Северна Македонија”.Работилницата ќе биде изведена од страна на експерти од оваа област, меѓу кои проф. Д-р Рамуш Бејичи, педијатар, субспецијалист кардиолог, проф. Орхан Узун консултант по педијатрија и фетална кардиологија, електрофизиолог при здравствен одбор на Универзитетот Кардиф и Вејл, Велика Британија и д-р Надежда Џелепова, консултант по педијатриска и фетална кардиологија “Детска болница Манчестер”Со овие активности министерството се залага за јакнење на здравствените капацитети преку континуирана медицинска едукација на здравствените работници за усовршување на нивото на нудење на здравствени услуги.

Сподели на:

Related Posts