Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, се обрати на отворањето на Осмиот конгрес на педијатрите на Република Северна Македонија, во организација на Здружението на педијатри.
– Областа на педијатрија и здравствената заштита на најмладите е исклучително значајна тема на која Министерството за здравство посветува посебно внимание. Со цел надополнување на кадарот и долгорочно надминување на овој предизвик, со Програмата за специјализации за изминатата година се одобрени 26 специјализации по педијатрија, а дополнително, на специјализација од областа на педијатрија упатени се вкупно 29 специјализанти од јавните здравствени установи низ државата, истакна д-р Манолева во обраќањето.