Отворен Центар за справување и третман на обезноста при Клиниката за ендокринологија, која денес по овој повод ја посети министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
-Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти за третман. Токму поради тоа и ние во нашата земја ќе имаме референтен центар за дијагностицирање и третирање на дебелината, посочи Меџити при посетата на Клиниката.
Тој изрази благодарност до компанијата Ново Нордиск за оваа значајна поддршка.
На Клиниката има едуцирани ендокринолози кои секојдневно ќе работат со оваа проблематика.