ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ЦРВЕНИОТ КРСТ ЌЕ ЗНАЧИ БЕНЕФИТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Учеството во заеднички кампањи и здравствено превентивни активности, зајакнувањето на соработката во областа на обезбедување прва помош и психосоцијална поддршка, се главните цели за кои беше потпишан заеднички меморандум за соработка на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити.

Согласно меморандумот двете страни ќе спроведуваат и активности кои придонесуваат за подигнување на свеста за крводарителството, унапредување на социјално – хуманитарни активности како и подготвеноста за одговор при катастрофи.

-Меморандумот е значаен придонес за зајакнување на нашата соработка со Црвениот крст, од сето тоа најголем бенифит ќе почуствуваат граѓаните. Ќе работиме на различни значајни активности кои ќе овозможат граѓаните да добијат дополнителна поддршка и едукација за различни теми, меѓу кои важноста од правилно и навремено укажување прва помош и превенцијата заразни и незаразни акутни и хронични заболувања, истакна на средбата министерот Меџити.

Со меморандумот е предвидено воспоставување иновативни здравствено-социјални услуги, согласно потребите на различни целни групи на население, и инкорпорирање во системите за здравствена и социјална заштита. Две од клучните активности во кои ќе се одвива соработката, а ги пилотира Црвениот крст на РСМ се услугата итно копче и услугата која обезбедува наменски транспорт за лица кои не се во животно загрозувачка состојба и кои не се во можност самостојно да обезбедат превоз за користење здравствена, социјална или друга административна услуга, заради старост, болест или потешкотии при самостојно движење.

Сподели на:

Related Posts