МЕЏИТИ: ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ ГИ АЖУРИРАМЕ УПАТСТВАТА ЗА ПРАКТИКУВАЊЕ МЕДИЦИНА ЗАСНОВАНА НА ДОКАЗИ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити се сретна со работната група која ќе работи на ажурирање на упатствата за практикување медицина заснована на докази. Работната група е формирана за да им се овозможи на лекарите и здравствените работници ажурирани и независно прегледани медицински содржини засновани на докази, како еден од начините да се унапреди квалитетот и ефикасноста на грижата за пациентите.

-Ја формирав оваа работна група за да им овозможиме на лекарите и здравствените работници ажурирани и независно прегледани медицински содржини засновани на докази, како еден од начините да се унапреди квалитетот и ефикасноста на грижата за пациентите.  Упатствата за практикување медицина заснована на докази, ќе им бидат поддршка на здравствените работници во критичните моменти во текот на работата, бидејќи ќе им овозможат брз и сеопфатен пристап до најновите и најдобри научни докази на едно место. Со тоа не само што ќе им заштедиме во време на лекарите, туку очекуваме и дека ќе го подобриме исходот од лекувањето и ефикасноста на третманот. Проектот всушност претставува целосна надградба на веќе постојниот проект за обезбедување упатства за практикување медицина базирана на докази од Министерството за здравство, кои не се ажурирани од 2014 година, рече министерот Меџити на состанокот.

Со помош на работната група ќе се надградат неажурираните упатства со целосно нови упатства и тие ќе се ажурираат на една до две години се со цел да бидат во тек со научните новини.

Сподели на:

Related Posts