НОВ СОВРЕМЕН АПАРАТ ЗА РОБОТСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска ја посетија Универзитетската клиника за физикална терапија и рехабилитација во Скопје по повод промоција на нов современ апарат за роботска рехабилитација – локомат.

-Првпат во јавното здравство обезбедивме нов современ апарат за роботска рехабилитација – локомат. Овозможуваме побрза и подобра рехабилитација, особено за подобрувањето на функционалноста и одот кај пациентите. Среќен сум за оваа инвестиција наменета за Клиниката за физикална терапија и рехабилитација затоа што го подобруваме квалитетот на живот на пациентите и ги унапредуваме условите во здравствените установи, истакна министерот.

Сподели на:

Related Posts