Промовиран нов апарат за магнетна резонанца во поликлиника Идадија, каде се упатуваат пациенти од целата држава и веќе се креирани 476 термини за снимање.
-Со воведување на оваа дијагностика во установата овозможуваме поголема достапност за пациентите до потребните дијагностичките процедури, истакна министерот за здравство, д-р Арбен Таравари кој денеска ја посети поликлиниката заедно со претседателот на Владата, проф.д-р Христијан Мицкоски и заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.
Продолжуваме со инвестициите за осовременување на условите во јавното здравство.