MEЏИТИ НА СРЕДБА СО СИНДИКАТИТЕ И ФОНДОТ: ОД ПРВИ СЕПТЕМВРИ ЗА 10% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, СЕ ДОГОВАРА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА

Покачувањето на платите за вработените во јавниот сектор кое ќе стартува од септември оваа година беше тема на денешната работна средба меѓу министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот на клинички д-р Предраг Серафимовски и претставници на Фондот за здравствено […]

ЕДЕН ДОНОР УТРОВО СПАСИ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ГО ОТВОРИ ЦЕНТАРОТ ЗА СПРАВУВАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОБЕЗНОСТ НА КЛИНИКА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

Отворен Центар за справување и третман на обезноста при Клиниката за ендокринологија, која денес по овој повод ја посети министерот за здравство д-р Фатмир Меџити. -Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА, МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ, МАРИЈА КАНЕЛОПУЛУ

Главната тема на состанокот беше фокусирана на тековните и идни проекти, кои се поддржани од Европската унија во македонското здравство, со посебен фокус на новите перспективи за подобрување на здравствениот систем со финансиска и експертска помош од Европската унија. Оваа средба претставува продолжување на успешната соработка меѓу Северна Македонија и ЕУ во областа на здравството. […]

ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Нашата држава од денеска (четврток, 13 јули, 2023 година) е зафатена од високи температури од портокалова фаза. Почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. • Ослободување од работни обврски на бремените жени и […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА, ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на средбата со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас, изрази благодарност за досегашната соработка, во рамки на која се реализираат обуки на доктори специјалисти од Република Северна Македонија во Универзитетскиот клинички центар во Виена, како и размена на доктори специјалисти од областа на патологијата, онкологија и офталмологија. Воедно, […]

АКРЕДИТАЦИЈА И ВРВНИ СТАНДАРДИ НА КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА

Клиниката за пластична хирургија е пример за постигнување врвни стандарди во работењето. Изминатиот период менаџментот и персоналот од клиниката активно работеа на акредитација на оваа установа и се реализирани низа активности за унапредување на третманот на пациентите. -Акредитацијата е од големо значење за подобрување на квалитетот на здравствени услуги и ја зголемува довербата кај пациентите […]

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА ОСТЕОПОРОЗА И ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВ АПАРАТ ЗА МЕРЕЊЕ КОСКЕНА ГУСТИНА

Отворање на Центар за остеопороза и пуштање во употреба на новиот апарат за мерење на коскената густина – остеодензитометарот, ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заменик министерката д-р Маја Манолева и државниот секретар д-р Јусуф Хасани во ГОБ “8 Септември”. – Сакам да изразам благодарност за оваа важна […]

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТРАЈНО И ОДРЖЛИВО РЕШЕНИЕ ЗА СОВРЕМЕНИ, ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ ЛЕКОВИ И МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА

Во Владата на Републикa Северна Македонија се одржа работен состанок на кој се разговараше за можни решенија за ажурирање на позитивната листа на лекови, како и за изнаоѓање трајно и одржливо решение, со цел поефикасно задоволување на потребите на граѓаните. На состанокот беше потенцирано дека унапредувањето на јавното здравство и подобрувањето на грижата за пациентите […]

ТЕМАТСКА ДИСКУСИЈА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева присуствуваше на тематска дискусија „Да се отпакува конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во врска со правото на независно живеење на еднаква основа со останатите граѓани – Што им е потребно за да живеат независно?“. На дискусијата, освен што се изрази голема и недвосмислена […]