ДЕМИРИ: ИМУНИЗАЦИЈАТА Е НАЈГОЛЕМОТО ДОСТИГНУВАЊЕ, ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ ПОВЕЌЕ ОД 22 ИЛЈАДИ ЛИЦА

Министерот за здравство д-р Илир Демири, во вчерашното гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21 потенцираше дека вакцинацијата е најголемото достигнување. Тој информираше дека со самото прогласување на епидемија на градот Скопје досега вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица. Во емисијата, посочи дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде […]

ДЕМИРИ: ГИ ПРИФАЌАМЕ ПРЕПОРАКИТЕ, ДСЗИ ДА СПРОВЕДУВА КОНТРОЛИ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека министерот д-р Илир Демири ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис). Министерот Демири, ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита […]

ДЕМИРИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „ЕЛ ХИЛАЛ“

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, денеска се сретна со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“, предводени од претседателот на оваа организација Бехиџудин Шехапи. На средбата, се разговараше за можната соработка во јавното здравство со цел подобрување на здравјето на граѓаните и условите во кои работат здравствените работници. Претседателот на „Ел Хилал“ Шехапи му посака […]

НАША ЦЕЛ Е СЕКОЈ ПАЦИЕНТ СО РЕТКА БОЛЕСТ ДА ИМА ДОСТАПЕН ЛЕК

Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска учествуваше на панел дискусијата посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести. Во своето излагање, Демири потенцираше дека во 2009 година буџетот за ретките болести изнесувал околу 25 милиони денари, а денеска изнесува 950 милиони денари. -Ако направиме компарација математички 2009 инвестициите […]

ДЕМИРИ: СО СОВРЕМЕНИОТ ЛАПАРОСКОП ЌЕ СЕ ВРШАТ 800 ИНТЕРВЕНЦИИ ГОДИШНО НА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Министерот за здравство, д-р Илир Демири денеска ја посети Универзитетската клиника за детска хирургија кадешто оствари средба со директорите Славица Литајковска и Елмедин Асани и изрази задоволство од реализираните инвестиции што значат унапредување на здравствената заштита на најмладите пациенти. -Минатата година од сопствени средства на клиниката беше набавен најсовремен лапароскопски апарат во вредност над 12 […]

СРЕДБА ДЕМИРИ-БОМГАРТНЕР: ФРАНЦИЈА Е ГОЛЕМ ПОДДРЖУВАЧ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕДУКАЦИЈА И ИСКУСТВА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕКТОР

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, денеска оствари прва официјална средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, на којашто се дискутираше за актуелните предизвици, за реформите, но и за активностите што е предвидено да се преземат во следниот период во јавното здравство. Демири, го информираше францускиот амбасадор Бомгартнер за здравствените политики што се имплементираат […]

ОПФАТЕНИ ТРИ ЈАВНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО РАМКИ НА ЈАПОНСКАТА ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. -Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: […]

МАНОЛЕВА: ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ТЕТОВО Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ВЛОЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово, каде оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата. -Со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите. Со заеднички заложби продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство со опрема, кадар и инфраструктурни проекти. Инвестициите во здравствениот систем […]

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА ПОСТЕР НА ТЕМА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Во рамки на проектот за поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија, објавени се Повици за професионални дизајнери и за средношколци, кои ќе одлучат да достават свои креативни решенија за брендирање кампања за подигнување на свеста за органодонорство и трансплантацијата. Целта на креативните решенија е да информираат и едуцираат, при тоа доловувајќи ја суштината […]

СРЕДБА ДЕМИРИ-ЈОХАНСЕН: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ – ПРИОРИТЕТИ НА СЗО И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство, д-р Илир Демири оствари прва официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. Демири и Јохансен дискутираа за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите кои ќе се спроведуваат во рамките на двегодишниот договор за соработка меѓу […]