Министерството за здравство води вистинска грижа за пациентите со ретки болести.
Покрај воведувањето на новите лекови и овозможувањето на потребната терапија за пациентите, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет се зголемува и буџетот за ретките болести.
Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и предвидено е да изнесува 527 милиони денари. Додека пак, во 2017 година, тој изнесувал 213 милиони денари.
Изготвена е Национална стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030. Десет годишната стратегија ќе биде дадена на усвојување од страна на Владата, со што овој стратешки документ станува документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести.