АКТУЕЛНО

ОТВОРЕНИ ЦЕНТРИ ЗА УПАТУВАЊЕ ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО И ТЕТОВО

Во Општа болница Куманово се отвори Центар за упатување жртви на сексуално насилство. Истовремено, вакви центри ќе функционираат и во Клиничка болница Тетово и во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Отворањето на центрите за упатување на жртвите на сексуално насилство е поддржано од Владата на Република Македонија, Обединетите нации (агенциите УНДП и УНФПА), […]

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДВОРОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани денеска присуствуваа на акцијата за чистење во кругот на Клинички центар, при што најавија многу скоро решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар.  – На праг сме на решение на оваа состојба. ЈП […]

РАБОТИЛНИЦА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НАЦИОНАЛЕН РЕГИСТЕР ЗА РАК

Управата за електронско здравство користејќи го инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија (TAIEX) денеска организираше работилница на тема „Воспоставување национален регистер за рак“. Целта на работилницата е споделување на најдобрите практики на ЕУ за воспоставување национален регистер на рак, утврдување оптимален сет на податоци, кои ќе се прибираат и потребни […]

НОВ КАБИНЕТ ЗА КЛИНИЧКА ИСХРАНА НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, каде за првпат во Македонија е во функција Кабинет за клиничка исхрана, со кој се овозможуваат стручни совети на пациентите кои треба да добиваат артефициална исхрана (ентерална или парентерална). На овој начин, Клиниката за гастроентерохепатологија може да прави редовни контроли на […]

УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК ОРГАНИЗИРАН ОД СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА И СЕКРЕТАРИЈАТ НА ЗДРАВСТВЕНА МРЕЖА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ

Македонска делегација предводена од министерот за здравство, д-р Венко Филипче и државниот секретар, д-р Владимир Милошев, учествуваат на министерски состанок организиран од СЗО и Секретаријатот на здравствена мрежа на земјите од ЈИЕ.  Домаќин на настанот е Министерството за здравство на државата Израел. Темите на овогодинешниот министерски состанок се обезбедување примарна здравствена заштита за стареење на […]

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ШТИП – РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР СО НОВИ И СОВРЕМЕНИ УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Министерот за здравство, Вено Филипче, заедно со државниот секретар, Владимир Милошев викендов беа во посета на Клиничка болница Штип, каде беше одржана работна средба со раководството и заденички беше направена обиколка на неколку одделенија и на заеднички состанок се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат и секојдневните проблеми, како и за приоритетите и новитетите кои […]

ПОЧНАТА НАБАВКА НА 12 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ЗА СЛУЖБИТЕ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за службите за Итна медицинска помош. Дополнително, очекуваме уште 3 возила за Итна медицинска помош од донација во следниот период. Целта е зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за ИМП. Возилата ќе бидат распределени во установите каде е најкритична состојбата и каде е […]

ВТОР ОТВОРЕН ДЕН НА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ – БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

На денешниот втор по ред отворен ден на Владата со граѓанските организации, со наслов „Борба против корупција“, се дискутираа иницијативи поднесени од страна на граѓанските организации, а на оваа тема говореше и министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Министерот Филипче нагласи дека корупцијата е закана за основните човекови права и слободи, која има штетно влијание врз […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО СО РЕГИОНАЛНАТА ДИРЕКТОРКА НА СЗО ЗА ЕВРОПА, СУЗАНА ЈАКАБ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска се сретна со регионалната директорка на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб. На средбата стана збор за зајакнување на здравствениот систем, интегрирање на справувањето со незаразните болести во системот за примарна здравстена заштита, како и здравствената заштита на новороденчињата и мајките. Воедно, се разговараше и за целите […]

НОВА АПАРАТУРА ЗА ОЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КБ БИТОЛА

Клиничка болница Битола набави нова апаратура за унапредување на работата во очното одделение.  Со сопствени средства е набавен нов апарат за оптичка кохерентна томографија со ОЦТ ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото. Процедурата е иновативна, неинвазивна и краткотрајна. Со ова, на очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој ќе […]