ОБУКА ЗА КРЕАТОРИТЕ НА ПОЛИТИКИ СО ПОДДРШКА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ОН ЗА БОРБА СО ДРОГА И КРИМИНАЛ

Државниот секретар на Министерство за здравство д-р Владимир Милошев присуствуваше на тридневна обука за креаторите на политики, во организација на Министерството за здравство во соработка и со поддршка од Канцеларијата на ОН за борба со дрога и криминал (УНОДЦ). Целта на оваа обука е примена на меѓународни стандарди за третман на зависници од дрога и превенција.

Обуката има за цел да обезбеди знаење со кое во иднина ќе се развиваат соодветни закони, стратегии, програми и интервенции базирани на научни докази, насочени кон спречување на употреба на дрога и обезбедување сеопфатни системи на грижа за луѓето кои употребуваат дроги или се со нарушувања од употребата на дроги.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев се заблагодари за поддршката која ја дава канцеларијата на ОН во развивање на правилните политики околу третманот и рехабилитацијата на зависниците од дрога.

– Министерството за здравство веќе подолг период е посветено на креирање и подобрување на политиките кои ќе овозможат третман на на лицата кои земаат дрога. Како систем имаме кадровски проблеми, бидејќи подолг период немавме континуирана едукација на соодветни кадри од оваа област. Во тој поглед веќе креираме политика на подобрување и на кадровската комплетираност која ќе овозможи соодветен третман и прифаќање на овие пациенти кои се зависници од дрога и условите за нивен третман, додаде Милошев. 

Сподели на:

Related Posts