ПОЧЕТНА

РЕНОВИРАЊЕ И НОВИ УСЛУГИ И ТРЕТМАНИ НА КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА

Светскиот ден на здравјето е одлична можност да потсетиме на приоритетите на Министерството за здравство. Унапредувањето на менталното здравје е високо на нашата агенда заедно со вакцинацијата и справувањето со новороденечката смртност. Не смееме да дозволиме менталното здравје, односно заболувањата да останат табу тема во нашето општество – потенцираше министерот за здравство, д-р Венко Филипче, […]

УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на конференција во организација на Центарот за управување со промени, посветена на “Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство“. Министерот Филипче потенцираше дека истражувањата во здравството се важни бидејќи крајните корисници односно пациентите најдобро ги знаат проблемите со кои се […]

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА ПО ПОВОД СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Владимир Милошев ги поздрави присутните на конференцијата по повод Светски ден на здравјето, во организација на Секретаријатот на здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа (SEEHN) и Регионалниот здравствен развоен центар за јавно здравствени услуги со седиште во Институтот за јавно здравје. -Ми претставува посебна чест и задоволство да […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Мaкедонското лекарско друштво, по повод Светски ден на здравјето одржа свечен собир, на кој се обрати министерот за здравство, д-р Венко Филипче, потенцирајќи ја посветеноста на Владата и на Министерството за здравство во унапредувањето на јавното здравје. Се осврна на реализираните проекти во здравството и нагласи дека еден од главните приоритети е осовременување на каленадрот […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ЛЕКОВИТЕ

Во врска со Одлуката за утврдување на максимална цена на големо на лековите објавена на 15.03.2018 година, Министерството за здравство Ве известува дека од 01.04.2018 почнуваат да важат новите цени на лековите, како што е дадено во прилог: Решение за формирање на цена на лек на оригинаторот или на иновативен лек Решение за формирање на цена на […]

НАМАЛЕНИ МАКСИМАЛНИТЕ ЦЕНИ НА 336 ГЕНЕРИЧКИ И 222 ИНОВАТИВНИ ЛЕКА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека согласно Законот за лекови и медицински средства и Методологијата за начинот на утврдување на цените на лековите, спроведена е годишна ревизија на цените на сите лекови, кои се издаваат на рецепт. Ревизијата на цените на лековите, согласно утврдената методологија е една од мерките во […]

БЕСПЛАТНО ЛЕКУВАЊЕ НА ЛИЦАТА ДО 18 ГОДИНИ ОД СЕМЕЈСТВА КОРИСНИЦИ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ

Лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош нема да плаќаат партиципација при користење здравствени услуги. Оваа одлука вчера на седница ја донесе Владата, а денеска ја образложи министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Чарлс Едмунд Гарет. На средбата стана збор за унапредување на меѓусебната соработка во областа на здравството, а воедно амбасадорот Гарет беше запознаен со актуелните состојби во македонскиот здравствен систем.    

КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на конференција посветена на жените од руралните средини, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, поддржан од Британската амбасада во Македонија. Во своето обраќање, министерот истакна бројни мерки за унапредување на здравствената […]

ПОСЕТА НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ТЕТОВО И СРЕДБИ СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УРВИЧ И БРВЕНИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче ја посети Клиничката болница во Тетово, при што оствари средби со директорот, д-р Флорин Бесими, како и со жителите на тетовските села Урвич и Брвеница. Министерот најави дека ќе се преземат сите мерки за да се олесни функционирањето на здравствените центри, а граѓаните ќе добијат поквалитетни здравствени услуги.