НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ОД ПРОЕКТ ХОПЕ ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА – ЧАИР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска ја посети Специјалната болница за гинекологија и акушерство-Чаир по повод обезбедена нова медицинска опрема од Проект ХОПЕ.
Опремата е обезбедена во рамки на проектот „ПериМак“, инициран како партнерство за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата. Станува збор за поголем број апарати, меѓу кои: апарат за скрининг на слух, со кој се започнува со скрининг на слух за сите новороденчиња во оваа установа и за таа цел веќе е реализирана обука во Холандија за еден доктор од оваа установа, како и за двајца доктори од Клиниката за детски болести, ЕХО апарат за вродени аномалии, 3 гинеколошки ЕХО апарати, апарат за откривање билирубин од кожа, како и помагала за брза кардиореспираторна реанимација.
Дел од апаратите за првпат се набавуваат во оваа установа и со нив се унапредува здравствената заштита на новороденчињата, а истовремено се унапредува и квалитетот на здравствени услуги за родилките, преку набавка на 9 нови CTG–апарати, породилен кревет како и останата опрема, со која значително се зајакнуваат капацитетите и на гинеколошките одделенија.
Паралелно со овие активности, почната е и едногодишна on-line обука за доктори од цела македонија за CTG-скрининг на Кралскиот колеџ за гинекологија и акушерство на Велика Британија.

Сподели на:

Related Posts