ПОЧЕТНА

СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари работна посета на Република Бугарија, каде се сретна со бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев. На средбата беше потенцирано дека Република Бугарија, која како членка на ЕУ од годинава го презема претседателствувањето со Европскиот Совет, ги почитува сите правни регулативи и заедничката соработка претставува крупен чекор во насока […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е Дан Орјан. Посебен акцент на средбата беше ставен на можноста за размена на доктори и друг медицински персонал, со цел меѓусебна размена на искуства и воведување нови методи во работата на јавните здравствени установи.

НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА КРИВОПАЛАНЕЧКИОТ ЗДРАВСТВЕН ДОМ

Подобрување на состојбата со кадарот во Здравствениот дом во Крива Паланка и набавка на нова медицинска опрема потребна за обезбедување подобри здравствени услуги на граѓаните, најави министерот за здравство д-р Венко Филипче по работната посета на Крива Паланка. – На средбата разговаравме за потребите на оваа институција, како во смисла на подобрување на ситуацијата со кадарот, така и во […]

СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари средба со Н.Е Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија. Фокусот на разговорите беше ставен на продлабочување на заедничката соработка, со цел унапредување на здравствената заштита низ позитивни искуства од земјите од ЕУ.

СРЕДБА СО ПРОФЕСОРИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ ОД ТУРЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа средба со професори од Универзитетот за медицински науки од Турција на која беше разговарано за можностите за воспоставување партнерство и соработка во областа на едукација и истражување во областа на меицината.

ГРИПОТ СЕ УШТЕ СО НИСКА АКТИВНОСТ

Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство, констатира дека грипот сѐ уште е со ниска активност. Во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип и се очекува зголемување на активноста во следниот перод. Државниот санитарен и здравствен инспекторат испрати решенија до сите средни и основни училишта за преземање мерки за […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари средба со Н.Е Карло Ромео, амбасадор на Република Италија. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, како и размена на искуства со реномирани италијански доктори кои се експерти во различни специјалности, со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги во […]

СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЕТО БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со претседателката на здружението БОРКА – За секој нов ден. На средбата беше потенцирано значењето на соработката со граѓанските здруженија како клучна алка меѓу пациентите и јавното здравје. Меѓу другото, на средбата стана збор за потребата од изготвување и имплементација на национална стратегија за контрола на […]

СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА НА ЈИЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа работна средба со директорката на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, д-р Мира Јовановски – Дашиќ. На средбата стана збор за претстојните активности и здравствени предизвици во регионот, со посебен фокус на министерскиот состанок посветен на имунизацијата кој ќе се одржи на 20 февруари 2018 година […]

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СЗО ВО СКОПЈЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со Жихан Тавила, претседател на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. На средбата беше потенцирана досегашна успешна соработка со оваа меѓународна организација, а воедно се разговараше за текот на реализација на Двегодишниот договор за соработка со СЗО, идните реформски цели и приоритети, како и активностите […]