ПОЧЕТНА

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ГО ОТВОРИ ЦЕНТАРОТ ЗА СПРАВУВАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОБЕЗНОСТ НА КЛИНИКА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

Отворен Центар за справување и третман на обезноста при Клиниката за ендокринологија, која денес по овој повод ја посети министерот за здравство д-р Фатмир Меџити. -Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти […]

ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Нашата држава од денеска (четврток, 13 јули, 2023 година) е зафатена од високи температури од портокалова фаза. Почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. • Ослободување од работни обврски на бремените жени и […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА, ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на средбата со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас, изрази благодарност за досегашната соработка, во рамки на која се реализираат обуки на доктори специјалисти од Република Северна Македонија во Универзитетскиот клинички центар во Виена, како и размена на доктори специјалисти од областа на патологијата, онкологија и офталмологија. Воедно, […]

ТЕМАТСКА ДИСКУСИЈА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева присуствуваше на тематска дискусија „Да се отпакува конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во врска со правото на независно живеење на еднаква основа со останатите граѓани – Што им е потребно за да живеат независно?“. На дискусијата, освен што се изрази голема и недвосмислена […]

КОНТИНУИРАНАТА СТРУЧНА НАДГРАДБА Е КЛУЧНА ВО СЕКОЈА ОБЛАСТ, ОСОБЕНО ВО МЕДИЦИНАТА

Честитки за стекнатите дипломи на Меѓународниот балкански универзитет. Дипломирањето претставува значаен чин во комплетирањето на академското образование, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на свечената церемонија по повод доделување дипломи на студентите од Меѓународниот балкански универзитет. Континуираната стручна надградба е клучна во секоја област, а особено во областа на медицината и токму затоа Министерството […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН И ДООПРЕМЕН ОДДЕЛ НА ДЕТСКА КЛИНИКА

Одделот за ревматологија и кардиологија на Детска клиника е комплетно реновиран и доопремен со поддршка од Комерцијална банка. Инвестицијата е во вредност од 5 милиони денари. На настанот по повод пуштање во употреба на одделот, присуствуваа министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева. -Ова е значаен придонес за обезбедување […]

НАД ИЛЈАДА ДЕЦА СЕ ВАКЦИНИРАНИ ВО РАМКИ НА ТЕРЕНСКАТА КАМПАЊА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА СЕ ОБРАТИ НА КОНГРЕСОТ НА ПЕДИЈАТРИ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, се обрати на отворањето на Осмиот конгрес на педијатрите на Република Северна Македонија, во организација на Здружението на педијатри. – Областа на педијатрија и здравствената заштита на најмладите е исклучително значајна тема на која Министерството за здравство посветува посебно внимание. Со цел надополнување на кадарот и долгорочно надминување […]

МОЕ ЗДРАВЈЕ – НОВА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЛЕСЕН ПРИСТАП И УВИД ДО ЛИЧНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПОДАТОЦИ

Министерството за здравство ја презентираше најновата мобилна апликација со која граѓаните ќе имаат можност во секое време да пристапат до личните здравствени картони Согласно политиките и заложбите за осовременување на здравствениот сектор преку дигитализација, Министерството за здравство ја презентираше новата мобилна апликација „Мое здравје“, која им овозможува на сите граѓани да имаат лесен пристап и […]

НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПЕРИНАТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на национална работилница за перинатално здравје, посветена на мајката и новороденчето. -Стратешкиот приоритет на Владата за следните години е да продолжи со зајакнување на здравствениот систем и да направи брз напредок кон подобрување на матерналните и неонатални исходи, со цел да го забрза патот кон постигнување […]