ЕВРОПСКИ ДЕН НА ОРГАНОДОНОРСТВО – ЗА ТРИ ГОДИНИ 67 ЛИЦА ДОБИЛЕ ШАНСА ЗА НОВ ЖИВОТ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денес заедно со амбасадорот на Европска унија во земјава, Дејвид Гир и националниот координатор за трансплантација, доц. д-р Маја Мојсова Мијовска учестуваше на одбележувањето на Европскиот ден на органодонорство.

-Со гордост можам да кажам дека во Северна Македонија постои систем во Министерството за здравство, кој е клучен предуслов за успех во трансплантациите на органи. Сакам да упатам неизмерна благодарност до сите семејства кои се согласија во најтешките моменти да ги донираат органите на своите блиски и со тоа спасија многу животи. Токму семејствата на донорите, ја подигнаа јавната свест за органодонорство во земјава, со што ќе спасат уште многу животи, за тоа сме им бескрајно благодарни.

Сакам да упатам благодарност и до сите лекари и медицински персонал, кои учествуваат во процесот на трансплантции, со вашата стручност и посветена работа направивте многу, истакна министерот Меџити.

Сподели на:

Related Posts