ПОЧЕТНА

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПОРАНЕШНАТА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА Д-Р КУЉАН

Заменик министерката за здравство, асс. д-р Маја Манолева оствари средба со поранешната државна секретарка на Министерството за здравство, прим. д-р Ратка Куљан–Зографска. Средбата е поттикната од фактот дека и двете се жени од фелата, а воедно се и први жени на овие две раководни функции во Министерството за здравство. На средбата се разменија ставови и […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА ФОРУМ НА ЖЕНИ ЛИДЕРКИ ОД ЈИЕ

Заменик министерката, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на промоцијата на Форумот на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција. Форумот се формира на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC, а целта е да се создаде регионална мрежа на […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНИ ДВА ОДДЕЛА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА – ИНВЕСТИЦИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева,  денеска ја посетија Универзитетската клиника за токсикологија, каде се комплетно реновирани одделите за токсикологија и детоксикација. Инвестицијата е во вредност од 9.5 милиони денари. Станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и мебел, 24-часовен централен надзор и […]

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН 17 МАРТ ДЕН НА ОСНОВАЊЕ НА ЦРВЕН КРСТ И ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВО

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, се обрати на свеченото одбележување на 17 март – Ден на основање на Црвениот крст и Ден на крводарителството во РСМ.    Во рамки на одбележувањето, министерот Меџити додели плакети на општинските организации на Црвениот крст со реализирани најголем број крводарувања, минатата година.  Министерството за здравство во континуитет […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО СВОЈОТ ТИМ ДАРУВАШЕ КРВ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИOЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заедно со тим од Министерството за здравство, директори на јавни здравствени установи, доктори и здравствени работници, денеска, беа дел од крводарителна акција во пресрет на 17 март, Денот на основањето на Црвениот крст и Ден на крводарителството во РСМ.  Со цел промоција на хуманоста и подигнување на свесноста за […]

НА ДЕТСКА КЛИНИКА ПРИСТИГНА ЛЕКОТ ТРИКАФТА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

На Клиниката за детски болести пристигна лекот Трикафта и осум пациенти со цистична фиброза почнуваат со едногодишна терапија, информираше во изјава за медиуми министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити. -Сакам да ве информирам дека на Универзитетската клиника за детски болести пристигна лекот Трикафта за цистична фиброза. Министерството за здравство, во соработка со сите надлежни институции […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ НА ЗДРАВСТВЕН КОНГРЕС ВО ТИРАНА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити учествува на здравствениот конгрес што се одржува во Тирана, Албанија на 5, 6 и 7 март. Конгресот го отвори премиерот на Владата на Република Албанија, Еди Рама и Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјалнa заштита на Албанија. На настанот присуствуваат министри и лидери на здравствени институции од земјите од регионот и […]

Д-Р МАЈА МАНОЛЕВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

Во просториите на Министерството за здравство денеска беше извршено примопредавање на должноста заменик министер за здравство. Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем.  

Д-Р ФАТМИР МЕЏИТИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

Во просториите на Министерството за здравство беше извршено примопредавање на должноста министер за здравство. Новиот министер, д-р Фатмир Меџити ја презеде функцијата од д-р Беким Сали.   -Чест ми е што сум именуван за нов министер за здравство. Денес имав продуктивна средба со поранешниот министер д-р Сали, решен сум да ја продолжиме важната работа за […]

СКРИНИНГОТ И ХПВ ВАКЦИНАЦИЈАТА – НАЈДОБРА ПРЕВЕНЦИЈА ЗА РАК НА ГРЛО НА МАТКА

Можностите за справување со ракот на грлото на матката и унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, беа клучните теми на панел дискусијата што се одржа во Скопје, во организација на УНФПА и Министерството за здравство. Експерти од националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на […]