ПОЧЕТНА

ПРЕПОРАКИ И АЛАТКИ ПРИ ОГРАНИЧЕНО ДВИЖЕЊЕ

Физичкото дистанцирање се покажува како ефективна мерка во борбата со ширењето на вирусот КОВИД-19. Кај нас, како и во голем број држави во светот, локалните власти го ограничуваат движењето на граѓаните за да го намалат ризикот од изложеност и ширење на зараза. Во овој период е добро да сме свесни дека променетото секојдневие не засега […]

ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДА ПРЕКУ НЕВЛАДИНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ХОПЕ ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ЗА ЛИЧНА ЗАШТИТА НА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ОД КОВИД-19 НА ГАК

Амбасадата на Република Франција преку невладината организција Проект ХOПЕ донираше опрема за лична заштита на медицинскиот персонал од Ковид 19 на Универзитетската клиника за Гинекологија и акушерство во Скопје. Опремата вредна 5.000 евра денес лично је предаде во употреба на Клиниката амбасадорот на Франција г-дин Кристијан Тимоније и преставници на Проект ХОПЕ. Донацијата се состои […]

КОНСЕНЗУС НА КИНЕСКИТЕ ДЕРМАТОЛОЗИ ЗА ЗАШТИТА НА КОЖАТА И СЛУЗНИЦИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Здравствените работници кои работат на превенција и лекување на болеста COVID19 се склони кон оштетување на кожата и мукозните мембрани, што може да доведе до појава на акутни и хронични дерматити, секундарни инфекции и агравација на постоечките кожни болести. Ова се одлуките од консензусот на Kинеските експерти, а се однесува на преземање адекватни мерки на […]

СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ПАЦИЕНТИ СО ПУЛМОНАЛНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID 19

Во услови кога на глобално ниво е прогласена пандемија поради рапидно ширење на вирусот SARS-COV-2, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упатува стручни препораки за лицата со хронични белодробни заболувања, кои спаѓаат во групата болни со висок ризик за разивање потешка клиничка слика на COVID-19 и имаат зголемен ризик од несакани последици и фатален исход. […]

ПРЕПОРАКИ ЗА ХРОНИЧНИ ПАЦИЕНТИ СО РЕВМАТСКИ ЗАБОЛУВАЊА

Во услови на пандемија со вирусот COVID-19, хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на високоризични пациенти. Поконкретно, станува збор за пациенти со некротизирачки васкулопатии, системски еритемски лупус, дерматомиозитис, системска склероза, како и пациенти третирани со биолошка или комбинирана имуномодулаторна терапија. Поради високиот ризик, овие пациенти треба да бидат во домашна самоизолација, а при […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ОДНОС ЗА ИНФОРМИРАЊЕТО ЗА СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за состојбата со коронавирусот ги известува сите медиуми истовремено веднаш откако ќе ги добие официјалните податоци од Институтот за јавно здравје. Со оглед на тоа што во изминативе денови, неколку медиуми први информираат за статистиката на денот ги замолуваме сите медиуми – да се држат исклучиво до официјалните […]

ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА КОНСУЛТАЦИЈА И СОВЕТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ДЕМЕНЦИЈА И НИВНИ НЕГУВАТЕЛИ ВО ПЕРИОД СО СПРАВУВАЊЕ СО КОВИД-19

Отворена е телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели.   Од Универзитетската клиника за неврологија информираат дека пациентите може во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во понеделник и среда, да се јават на телефонскиот број 075/277-806 во амбулантата за деменции за консултација и советување. Повозрасните лица се особено чувствителни […]

ПРЕПОРАКИ ЗА ПАЦИЕНТИ СО БУБРЕЖНИ ЗАБОЛУВАЊА, ПАЦИЕНТИ НА ДИЈАЛИЗА И ПАЦИЕНТИ СО ТРАНСПЛАНТИРАН БУБЕРГ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID 19

Почитувани, Корона вирус инфекцијата може да претставува сериозна закана за пациентите со бубрежни заболувања, особено за пациентите кои се на дијализа или се со трансплантиран бубрег.За таа цел од Универзитетската клиника за нефрологија се изготвени препораки за пациентите со бубрежни заболувања, вклучувајќи ги пациентите на дијализа (перитонеална или хемодијализа) и пациентите со трансплантиран бубрег.Сите пациенти […]

ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ ОБЕЗБЕДЕНА И ПРЕДАДЕНА Е ТЕРАПИЈАТА ЗА 3 МЕСЕЦИ

Министерството за здравство информира дека обезбедени и предадени се таблетарните лекарства за лицата со ретки болести кои се заведени во електронскиот регистар за ретки болести за месеците април, мај и јуни. Оваа група на пациенти се обезбедени со неопходната терапија за периодот којшто следува. Оние пациенти кои примаат ампуларна терапија е обезбеден сигурен и изолиран […]

СЕ ИСТРАЖУВА СЛУЧАЈОТ СО ВЕЛЕШАНКАТА, СЕ ВКЛУЧУВААТ ПОВЕЌЕ ИНСТИТУЦИИ

По наодот дека починатата велешанка е позитивна на коронавирус, која со својот син беше пронајдена мртва пред два дена, Министерството ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции. Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус. Што […]