Листата на ОТЦ лековите наменети за продажба и надвор од аптеките

Почитувани, Во прилог се наоѓа утврдената листа на лекови без рецепт кои можат да се продаваат и надвор од аптеките, односно во  определени места за продажба, како што се супермаркетите и бензинските станици, лекови коишто ги исполнуваат потребните услови и кои имаат дозвола од МЗ да вршат продажба на лековите без рецепт. Имено, сите лекови од оваа Листа и досега се […]

Презентиран електронски систем за закажување пациенти и интервенции

– Секој пациент кога оди на матичен лекар, тој треба да го прегледа. Ако оцени дека треба да се заврши целата процедура, може да ја утврди дијагнозата и да му препише терапија, но ако оцени дека има определени проблеми за кои треба да биде консултиран специјалист по определена област, тој во овој систем тоа го […]

Прирачник: “Улога, задачи и обврски на службите за итна медицинска помош при несреќи со повеќе повредени и при масовни несреќи”

Прирачникот “Улога, задачи и обврски на службите за итна медицинска помош при несреќи со повеќе повредени и при масовни несреќи”  е подготвен во рамките на “Програмата за подготовка и одговор на здравствениот систем при кризни состојби”.

Пет клучеви за пoбезбедна храна – Прирачник

Небезбедната храна претставувала здравствен проблем за луѓето уште од времињата кога историјата за прв пат се запишувала и многу проблеми на безбедноста на храната кои се присутни денес не се нови.

Сектор за секундарна и терциерна здравствена заштита

Секторот за секундарна и терциерна здравствена заштита го следи системот, организацијата и развојот на секундарната здравствена заштита, го следи системот, организацијата и развојот на секундарната здравствена заштита, ги следи и проучува позитивните искуства во развојот на секундарната здравствена заштита во развиените земји, за развојот и планирањето на болничката здравствена заштита; и воведување на современа здравствена […]

Сектор за нормативно – правни и управни работи

Секторот за нормативно – правни  и управни работи подготвува нацрти на закони и подзаконски акти од областа на здравството, проучува прописи од областа на здравството; подготвува анализи, информации, извештаи и мислења; разменува информации, мислења и искуства во соработка со другите органи на управата и води управни постапки за основање и статусни промени на здравствените установи. Секторот  […]

Сектор за здравствено осигурување, следење и надзор на работата на ФЗОМ

Секторот се состои од две одделенија и тоа: –       одделение за здравствено осигурување –       оделение за следење и надзор на работата на ФЗОМ Главна цел на секторот е подобрување во остварувањето на правата од здравственото осигурување на осигурениците и поголема ефикасност на системот на здравствено осигурување, донесување на поефикасни законски решенија за правата на осигурениците […]

Сектор за финансиски прашања

Секторот за финансиски прашања има за цел да ги следи и применува законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјалното – финансиско работење, управување со јавните средства на законски, правилен, етички, економичен, ефективен и ефикасен начин, врши правилно евидентирање на финансиските трансакции и навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето. Врши подготовување […]

Сектор за управување со човечки ресурси

Секторот за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на методолошка, организациска и техничка поддршка во изработка на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, планирање и екипирање на човечките ресурси, пополнување на работните места преку вработување со јавен или интерен оглас, прераспоредување, воведување во работата и менторство, оценување на […]

Сектор за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет

Секторот за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет има за цел остварување програми и проекти што произлегуваат од билатералната и мулилатералната соработка и техничката помош  во надлежност на секторот; да  остварува постојана соработка и средби со претставници на меѓународни владини и невладини организации и специјализирани агенции,  да предлага пристапување кон конвенции и протоколи  на […]