Новости

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА СЕ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Министерството за здравство информира дека измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство, на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура. Во измените на Законот e внесена oдредба согласно која […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА ВО МАКЕДОНИЈА ТОМАН

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска имаше успешна работна средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан. На средбата се разговараше за евентуална соработка и размена на искуства на медицинските работници од Чешка и Македонија, обука на македонски медицински кадар во големите Чешки клиники. Министерот Филипче и чешкиот министер за здравство, Адам […]

МАКЕДОНСКОТО ЈАВНО ЗДРАВСТВО НА МАПАТА НА СВЕТСКИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НАЈТЕШКИ ЗАБОЛУВАЊА НА КРВТА

– Во текот на минатата недела е извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Македонија, за која досега пациентите беа упатувани во странство. Од денеска, лекувањето на тешки малигни заболувања на крвта се врши по еднакви процедури, како во кој било светски или европски современ центар, таа е веќе редовно достапна за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВОВЕДУВАМЕ ТРИ НОВИ ТИПОВИ НА ИНСУЛИН, ЕДЕН ОД НИВ НАМЕНЕТ ЗА ДЕЦАТА

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска зборуваше на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, во конференциската сала во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетес – 14 Ноември, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК. Во […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: АКТИВНО РАБОТИМЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ЗА 5%

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче во вчерашната дебата на 1ТВ посочи дека министерството активно работи на конечно решение на сообраќајниот хаос и паркирањето на Клинички центар, со што ќе се олесни движењето помеѓу кампусот, но и ќе се ослободи улицата Водњанска од сообраќаен метеж. Исто така, беше потенцирано и дека Министерството за здравство […]

ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП ПРОДОЛЖУВА ОД ПОНЕДЕЛНИК

Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип. Вакцинацијата за грип продолжува од понеделник, а скопскиот Центар ќе вакцинира и утре (сабота 10.11.2018 година). Министерството за здравство, заедно со Владата на Република Македонија, годинава првпат овозможи 28.000 дози на бесплатна вакцина против сезонски грип за лица над 65 години со […]

СО ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЌЕ СЕ ИСПИТА МОЖНОСТА ЗА ПРАВЕЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Тендерот кој е распишан од страна на Министерството за здравство е отворен на 3.11.2018 година и прибирањето на понудите трае до 14.11.2018 година. Оваа набавка се однесува на прибирање понуда за изработка на физибилити студија и анализа на можности и капацитети на услугата „Брза помош“ и „Домашна посета“. Физибилити студијата треба да покаже дали воопшто […]

ПОВЕЌЕ ТЕРМИНИ ЗА ЛАБОРАТОРИСКИ ПРЕГЛЕДИ И ДИЈАГНОСТИКА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА

Од почетокот на овој месец, ултрасонографскиот кабинет за абдомен на Универзитетската клиника за токсикологија ќе работи секоја сабота, во периодот од 08 до 13:45 часот, а закажувањето на овие прегледи може да го изврши секој матичен лекар преку Националниот електронски систем МојТермин. Исто така, во работните денови, ултрасонографскиот кабинет за абдомен ќе функционира со продолжено […]

ОТВОРЕН УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА КАВАДАРЦИ

Во рамки на Општата болница Кавадaрци, вчера (5.11.2018г.) за првпат беше отворен Ургентен центар. Станува збор за нова, посебна единица при Општата болница, која се состои од приемна амбуланта за прегледи и прифаќање на итни случаи и пациенти кои ќе доаѓаат за време на дежурствата, викендите и за време на празници. Редовните прегледи ќе се […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ПОЧНУВА ОД УТРЕ

Министерот за здравство, Доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција, на која информираше дека вакцинацијата против сезонски грип почнува утре (05.11.2018 година) во сите Центри за јавно здравје во земјава. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини. За првпат годинава, Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија […]