Новости

СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари ја посети Општа болница во Куманово каде со поддршка од Амбасадата на Република Чешка е доопремено родилиштето со нова опрема во вредност над милион денари. Станува збор за најнов инкубатор од четврта генерација, наменет за интензивна и полуинтензивна нега на новороденчиња. Инкубаторот е со ниско ниво на бука и […]

ПОСЕТА НА ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ – РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ЗА НАСОВРЕМЕНИ ПРАКТИКИ ВО МЕДИЦИНАТА

Во рамки на посетата на Обединети Арапски Емирати, министерот Таравари ја посети познатата болница „Cleveland Clinic“ и се запозна со работата и најсовремените практики на медицинска интервенција. Тој го посети центарот за симулација и обука во оваа клиника. Исто така, посебно задоволство беше средбата со д-р Луис Кампос, директор на центарот за трансплантација на црн […]

МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ УЧЕСТВУВА НА 74. РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА СЗО

Mинистерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денес учествува на свеченото отворање на 74. регионален состанок на Светската здравствена организација во Копенхаген. Овој значаен настан е посветен на заедничкиот напор за подобрување на јавното здравје и развојот на здравствените системи во регионот. Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи […]

ПОТПИШАН ЗАЕДНИЧКИ МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО УНОПС

Потпишан заеднички меморандум за разбирање со Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги на денешната прес конференција на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и претставничката на УНОПС, Микела Телатин. Со меморандумот се зајакнува соработката во насока на намалување на аерозагадувањето од старите системи за греење во јавните здравствени установи, при што е предвидена целосна […]

СО ПОДДРШКА ОД СЗО УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ НИЗА ПРОЕКТИ ВО ЗДРАВСТВОТО

На денешниот онлајн состанок на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, беше потенцирана одличната соработка со Светската здравствена оранизација. – Изразувам посебна благодарност за низа проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Благодарност за работата и на колегите од СЗО […]

ОКТОМВРИСКИ РОЗОВ КАРАВАН – ПРЕВЕНЦИЈАТА НАЈДОБРА ЗАШТИТА

Министерството за здравство стартуваше со национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка. Во рамки на кампањата, ги повикуваме граѓаните во сабота (19.10.) од 12 до 16 часот и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје Сити Мол”, каде […]

ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БЕСПЛАТНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

Министерството за здравство информира дека од денес, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM. На тој […]

ТАРАВАРИ СО ОТЧЕТ ЗА ПРВИТЕ 100 ДЕНА

-Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Министерството за здравство. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова магнетна резонанца во поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 […]

НОВ АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ИДАДИЈА ВО СКОПЈЕ

Промовиран нов апарат за магнетна резонанца во поликлиника Идадија, каде се упатуваат пациенти од целата држава и веќе се креирани 476 термини за снимање. -Со воведување на оваа дијагностика во установата овозможуваме поголема достапност за пациентите до потребните дијагностичките процедури, истакна министерот за здравство, д-р Арбен Таравари кој денеска ја посети поликлиниката заедно со претседателот […]

ВО КБ ТЕТОВО ПЕТ НОВИ ЛИФТА И САНАЦИЈА НА КРОВНА КОНСТРУКЦИЈА

-Во Клиничката болница во Тетово за краток период решаваме два сериозни проблеми кои ја отежнуваа работата на здравствените работници од една страна, како и отежнатиот пристап на пациентите до здравствени услуги од друга страна. Тоа што во минатото беше проблем со лифтовите сега е минато, овој проблем за кратко време го надминавме. Во болницата во […]