Соопштенија

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОДРЖА РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СОЈУЗ НА ДИЈАБЕТИЧАРИ И АСОЦИЈАЦИЈА НА ДЕТСКИ ДИЈАБЕТЕС „БАЛАНСМК“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претседателот на Сојузот на дијабетичари на Република Северна Македонија, Бојан Киров и претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес „БалансМК“, Нашата Деспотовска-Димитриевска. Минатата година, Министерството за здравство воведе три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови, од кои еден е наменет за децата […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЈА ОТВОРИ ОБУКАТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ПРЕКУ ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПАТРОНАЖНИТЕ СЕСТРИ ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕЛЕС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во регионалниот едукативен центар во Здравствениот дом Велес ја отвори обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри, во организација на Министерството за здравство, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и во соработка со Симулацискиот медицински центар на Република Северна Македонија. […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: РЕЗУЛТАТИТЕ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СОРАБОТКАТА ЗА ДЕТСКАТА КАРДИОХИРУРГИЈА Е ОДЛИЧНА ПРИ СПОЈОТ НА ЕКСПЕРТИЗИТЕ ОД ЈАВНОТО И ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, директорот на „Клиничка болница Жан Митрев“, д-р Жан Митрев, директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани, и д-р Владимир Чадиковски, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа резултатите од успешното функционирање на новиот модел на соработка во областа на детската кардиохирургија. -Резултатите покажуваат […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГО ПОСЕТИ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ТЕТОВО И ОСТВАРИ СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО И ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОВАА ЈЗУ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска го посети Здравствениот дом во Тетово, каде оствари средба со раководството и вработените во оваа јавна здравствена установа.  -Задоволен сум како се зајакнува капацитетот на Здравствениот дом во Тетово, но и како раководството домаќински се грижи за здравствената установа. Почнавме со вистинска грижа за нашите здравствени работници. […]

МЛАДИТЕ СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА СЕ НАШИТЕ ИДНИ ЛЕКАРИ И ДВИГАТЕЛИ ВО ОПШТЕСТВОТО, КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ОДЛУЧУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска имаше свое обраќање по повод 07 април-Светскиот ден на здравјето на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово. Во своето обраќање, министерот Филипче потенцираше дека младите студенти по медицина се нашите идни лекари и двигатели во општеството, кои треба да бидат вклучени во процесите на одлучување […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОПШТАТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ КАВАДАРЦИ СО ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА, СО НОВИ СОВРЕМЕНИ АПАРАТИ ЗА ДИЈАГНОСТИКА, ОТВОРЕН МОДЕРЕН УРГЕНТЕН ЦЕНТАР И РЕНОВИРАНА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска оствари средба со раководството и персоналот на Општата болница со проширена дејност Кавадарци, каде заеднички го одбележаа 7 април–Светскиот ден на здравјето. Во рамки на посетата, министерот Филипче на вработените им честиташе на посветеноста и истакна дека минатата година беше успешна за оваа болница. Министерството за здравство […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОПШТАТА БОЛНИЦА ВЕЛЕС Е ПРВАТА ОПШТА БОЛНИЦА ШТО ДОБИВА АКРЕДИТАЦИЈА НА 3 ГОДИНИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА КВАЛИТЕТ И АКРЕДИТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница Велес, каде оствари работна средба со раководството и персоналот на оваа јавна здравствена установа. На средбата, министерот Филипче во пресрет на 7 април – Светскиот ден на здравјето им честиташе на успехот и заложбите да бидат првата општа болница што доби акредитација на […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: НАШИТЕ ЦЕЛИ СЕ ДОСТАПНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ, ПОДИГНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ЛЕКАРИТЕ И ОСТАНАТИОТ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска се обрати по повод 7 Април, одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, во организација на Македонското лекарско друштво во Холидеј Ин. Мотото на годинешната  кампања е „Здравје за сите“, со акцент на превентивната здравствена заштита. „Примарното здравство е основата на здравствената заштита, тоа е клучна точка за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО КСАНТОС: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во Владата на Република Северна Македонија оствари средба со грчкиот министер за здравство Андреас Ксантос, во рамки на официјалната посета на Премиерот на Република Грција Алексис Ципрас на нашата држава. На средбата, двајцата министри разговараа за зајакнување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција во […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА И ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ШТИП

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Клиничката болница и Здравствениот дом во Штип, каде одржа работни средби со раководствата и заеднички беше направена обиколка низ одделенијата во овие две јавно здравствени установи. „Задоволен сум како се развиваат Клиничката болница и Здравствениот дом. Во 2018 година направивме многу во јавното […]