Соопштенија

СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари работна посета на Република Бугарија, каде се сретна со бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев. На средбата беше потенцирано дека Република Бугарија, која како членка на ЕУ од годинава го презема претседателствувањето со Европскиот Совет, ги почитува сите правни регулативи и заедничката соработка претставува крупен чекор во насока […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е Дан Орјан. Посебен акцент на средбата беше ставен на можноста за размена на доктори и друг медицински персонал, со цел меѓусебна размена на искуства и воведување нови методи во работата на јавните здравствени установи.

НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА КРИВОПАЛАНЕЧКИОТ ЗДРАВСТВЕН ДОМ

Подобрување на состојбата со кадарот во Здравствениот дом во Крива Паланка и набавка на нова медицинска опрема потребна за обезбедување подобри здравствени услуги на граѓаните, најави министерот за здравство д-р Венко Филипче по работната посета на Крива Паланка. – На средбата разговаравме за потребите на оваа институција, како во смисла на подобрување на ситуацијата со кадарот, така и во […]

СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари средба со Н.Е Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија. Фокусот на разговорите беше ставен на продлабочување на заедничката соработка, со цел унапредување на здравствената заштита низ позитивни искуства од земјите од ЕУ.

СРЕДБА СО ПРОФЕСОРИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ ОД ТУРЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа средба со професори од Универзитетот за медицински науки од Турција на која беше разговарано за можностите за воспоставување партнерство и соработка во областа на едукација и истражување во областа на меицината.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Министерство за здравство ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15 годишното момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција. Целиот […]

ГРИПОТ СЕ УШТЕ СО НИСКА АКТИВНОСТ

Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство, констатира дека грипот сѐ уште е со ниска активност. Во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип и се очекува зголемување на активноста во следниот перод. Државниот санитарен и здравствен инспекторат испрати решенија до сите средни и основни училишта за преземање мерки за […]

МЗ ФОРМИРА КОМИСИЈА ЗА СТРУЧЕН НАДЗОР ЗА СМРТТА НА РОДИЛКАТА

Министерот за здравство изразува жалење и истовремено внимателно го следи случајот со починатата родилка. Во насока на целосно и транспарентно информирање на јавноста формирана е комисија со стручни лица од МЗ и ДСЗИ која ќе ги утврди околностите на настанот.

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари средба со Н.Е Карло Ромео, амбасадор на Република Италија. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, како и размена на искуства со реномирани италијански доктори кои се експерти во различни специјалности, со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги во […]

ДОКИЌ: СЕКОЈ ТРЕТ МАКЕДОНЕЦ ИМА АЛЕРГИИ

Трендот со алергии зема се поголем замав, така што во 2018 година, речиси секој трет, четврти Македонец ќе има некаква алергиска манифестација, изјави денеска проф. д-р Дејан Докиќ, на промоцијата на учебникот „Алергологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје. – Алергиите во Македонија, земајќи ја предвид претходната епидемиолошка студија од Институтот за медицина на трудот од 2003 […]