Соопштенија

СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЕТО БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со претседателката на здружението БОРКА – За секој нов ден. На средбата беше потенцирано значењето на соработката со граѓанските здруженија како клучна алка меѓу пациентите и јавното здравје. Меѓу другото, на средбата стана збор за потребата од изготвување и имплементација на национална стратегија за контрола на […]

РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЗ И ФЗОМ

Во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се одржа четврта работна средба на претставници на второстепениот орган од Министерството за здравство со претставници од првостепениот орган, односно подрачните служби на Фондот од југоисточна Македонија. Средбата ја отвори м-р Михајло Костовски со свое излагање ги запозна присутните со општите одредби од Законот за општата […]

СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА НА ЈИЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа работна средба со директорката на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, д-р Мира Јовановски – Дашиќ. На средбата стана збор за претстојните активности и здравствени предизвици во регионот, со посебен фокус на министерскиот состанок посветен на имунизацијата кој ќе се одржи на 20 февруари 2018 година […]

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СЗО ВО СКОПЈЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со Жихан Тавила, претседател на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. На средбата беше потенцирана досегашна успешна соработка со оваа меѓународна организација, а воедно се разговараше за текот на реализација на Двегодишниот договор за соработка со СЗО, идните реформски цели и приоритети, како и активностите […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска одржа работна средба со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. На средбата стана збор за сеопфатна и подолгорочна стратегија за справување со аерозагадувањето, со координиран интерсекторски пристап. Работните средбите со министерството за животна средина ќе продолжат и во иднина, со цел континуирана координација за […]

ПРЕКИНАТИ МЕРКИТЕ ЗА АЛАРМИРАЊЕ

Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 09.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање (среднодневни концентрации над 200 g/m3 барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза). Имено, среднодневната концентрација на РМ10 од 200 g/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со […]

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СИНДИКАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, се сретна со претставници на синдикатите од областа на здравството. На средбата се разговараше за мерката за зголемување на паушалите за дежурства, како што беше претходно ветено. Овој вид средби ќе бидат редовна практика и во наредниот период, при реализација на активности, кои се во интерес на медицинскиот […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТ ОД ВЕЛЕС

Министерот за здравство, д-р Венко филипче одржа работна средба со претставници од Здружението на лица со дијабетес од Велес, на која главен акцент беше ставен на активностите за унапредување на здравствената заштита на лицата со дијабет.

АКТИВИРАНИ МЕРКИТЕ ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО ГРАД СКОПЈЕ

Владата на Република Македонија, почнувајќи од понеделник (08.01.2018) ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во град Скопје. Мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје, односно мерните станици Лисиче и Ректорат. Во продолжение списокот на […]

СЕ ЗАЈАКНУВА КОНТРОЛАТА НА ПАРАЛЕЛНИОТ УВОЗ НА ЛЕКОВИ

Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија. Со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите кои се предмет на паралелен […]