Соопштенија

ДОЕЊЕТО ГИ ПОСТАВУВА ТЕМЕЛИТЕ НА ЗДРАВАТА ИДНИНА

-Мајчиното млеко е совршена храна која е создадена за да ги задоволи сите нутритивни потреби на новороденчето. -Доењето го зајакнува имунитетот и содржи антитела, кои помагаат во заштитата на бебето од инфекции и болести. -Чинот на доење поттикнува интимна врска меѓу мајката и детето. -Доењето нуди бројни здравствени придобивки за мајките и помага во постпородилното […]

МЕЏИТИ: ПОСВЕТЕНО РАБОТИМЕ ХЕПАТИТИСОТ ДА СТАНЕ НАШЕ МИНАТО

Хепатитисот претставува закана за јавното здравје, но со колективна акција и свесност, можеме да работиме на негова превенција, рано откривање и на крајот негова елиминација, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити по повод одбележување на Светскиот ден за борба со хепатитисот. На настанот, кој беше организиран во партнерство со Хепар Центар Битола, присуствуваа и […]

МЕЏИТИ ВО ПОСЕТА НА ДРЖАВНА КАРДИОХИРУРГИЈА: СПАСИВМЕ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ И ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денес ја посети Клиниката за државна кардиохирургија, каде е хоспитализиран пациентот кој пред пет дена доби нова шанса за живот по извршената трансплантација на срце. Четириесетгодишниот пациент од Скопје, во чии гради сега чука ново срце благодарение на хуманоста на едно семејство, во моментот се наоѓа во стабилна здравствена […]

MEЏИТИ НА СРЕДБА СО СИНДИКАТИТЕ И ФОНДОТ: ОД ПРВИ СЕПТЕМВРИ ЗА 10% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, СЕ ДОГОВАРА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА

Покачувањето на платите за вработените во јавниот сектор кое ќе стартува од септември оваа година беше тема на денешната работна средба меѓу министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот на клинички д-р Предраг Серафимовски и претставници на Фондот за здравствено […]

ЕДЕН ДОНОР УТРОВО СПАСИ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ГО ОТВОРИ ЦЕНТАРОТ ЗА СПРАВУВАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОБЕЗНОСТ НА КЛИНИКА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

Отворен Центар за справување и третман на обезноста при Клиниката за ендокринологија, која денес по овој повод ја посети министерот за здравство д-р Фатмир Меџити. -Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА, МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ, МАРИЈА КАНЕЛОПУЛУ

Главната тема на состанокот беше фокусирана на тековните и идни проекти, кои се поддржани од Европската унија во македонското здравство, со посебен фокус на новите перспективи за подобрување на здравствениот систем со финансиска и експертска помош од Европската унија. Оваа средба претставува продолжување на успешната соработка меѓу Северна Македонија и ЕУ во областа на здравството. […]

ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Нашата држава од денеска (четврток, 13 јули, 2023 година) е зафатена од високи температури од портокалова фаза. Почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. • Ослободување од работни обврски на бремените жени и […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА, ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на средбата со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас, изрази благодарност за досегашната соработка, во рамки на која се реализираат обуки на доктори специјалисти од Република Северна Македонија во Универзитетскиот клинички центар во Виена, како и размена на доктори специјалисти од областа на патологијата, онкологија и офталмологија. Воедно, […]

ТЕМАТСКА ДИСКУСИЈА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева присуствуваше на тематска дискусија „Да се отпакува конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во врска со правото на независно живеење на еднаква основа со останатите граѓани – Што им е потребно за да живеат независно?“. На дискусијата, освен што се изрази голема и недвосмислена […]