Соопштенија

НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ПРВ КАТ, НАБАВЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА

Целосно реновиран првиот спрат на Инфективната клиника! Со 1,5 милиони евра инвестиција, одделите за ургентна инфектологија, интензивна нега и CNS инфекции добија нов лик и најсовремена опрема. Клучни новитети: Автоматизиран анализатор за молекуларна дијагностика – единствен во регионот за PCR, ЦРП и ХПВ. Апарат за аспирација – целосно автоматизиран, прв од ваков вид во државата. […]

ТАРАВАРИ НА СРЕДБА СО СЛОВЕНЕЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЗДРАВСТВО РУПЕЛ

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари се сретна со министерката за здравство на Словенија, Валентина Преволник Рупел. -Ја изразив мојата висока почит кон словенечкиот здравствен систем, кој е еден од најразвиените во регионот. Со министерката се договоривме за соработка во неколку здравствени сектори, истакна министерот.

АНДОВСКИ: ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТОТ ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ, ВО ПОДГОТОВКА ПРВАТА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА

Заедно со националната алијанса за ретки болести го одбележавме Денот за ретки заболувања. Буџетот на Програмата на МЗ годинава е зголемен за 310 милиони денари и изнесува милијарда и 260 милиони денари, истакна заменик министерот Јовица Андовски во своето поздравно обраќање. -Интензивно работиме на подготовка на првата национална стратегија за ретки болести, како клучен стратешки документ. Мнистерството за […]

МЕМЕДИ: МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ СЕ ДВИЖЕЧКА СИЛА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Државниот секретар, д-р Бесим Мемеди се обрати на денешната регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, во организација на ХЕРА. -Младите лекари се главна движечка сила, наша заложба е да овозможиме што е можно поповолни услови за развој на младите лекари во нашата држава и соодветно вреднување на нивниот труд. Исто така, со […]

НОВА НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”

Инсталирана нова современа опрема за напредни уролошки процедури на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Опремата е набавена од Министерство за здравство, во вредност од 26 милиони денари. Ендоскопски столб со кој на годишно ниво ќе се вршат околу 100 лапароскопски и 350 ендоскопски интервенции за различни уролошки состојби. Нов хируршки тулиум ласер, […]

КАРИЛ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА РЕНОВИРАЊЕ – ИЗГОТВЕН ПЛАН ЗА УПАТУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ

КАРИЛ се подготвува за реновирање –изготвен план за упатување на пациентите Подготвителни активности за реконструкција на КАРИЛ се во завршна фаза. Ќе отпочне темелна реконструкција, која првпат се реализира. За таа цел, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката, д-р Марија Срцева Јовановски, директорот на […]

БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ НА МАЛТА – УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ВО ОБЛАСТА НА ФАРМАЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари одржа билатерална средба со министерот за здравство на Република Малта, д-р Јо Етиен Абела, како и директорот на тамошната Агенција за лекови и претставници од овие институции. Во фокусот на разговорите беше меѓусебната соработка во областа на фармацијата. Разгледани беа и можностите за склучување заеднички меморандум во оваа област, […]

ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА КАЈ 28-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ СО РУПТУРА НА ПРЕДЕН ВКРСТЕН ЛИГАМЕНТ НА ДЕСНО КОЛЕНО

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено. За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор. Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на […]

ПРВПАТ ОТВОРЕН ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ ВО ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР

Во поликлиника Бит Пазар првпат досега е отворен педијатриски пунк, кој ќе работи секој ден од 19:30 навечер до 07:30 наутро и во недела 24 часа, додека во сабота од 07:30 до 19:30. Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел, инвентар и потребните медицински средства од Здравствен Дом Скопје. Во педијатрискиот пункт […]

НОВА КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Денес со задоволство сакам да истакнам дека ја пуштаме во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники, со што како Министерство за здравство и како Влада успешно решаваме сериозен проблем во секојдневното функционирање на операционите сали во комплексот клиники. Како што знаете, постапката за  набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух […]