Соопштенија

ВАКЦИНИРАНИТЕ СО СИНОВАК И СИНОФАРМ ТРЕТА ДОЗА МОЖЕ ДА ПРИМАТ ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕВАКЦИНА

Националниот Комитет за имунизација донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примат по изминати три месеци од ревакцинација. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт […]

ПОЧНА СКРИНИНГОТ НА УЧЕНИЦИТЕ, ПРВИ СЕ ТЕСТИРААТ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

Почна скринингот во девет средни училишта во Скопје, при што ќе се тестираат 258 средношколци. Низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа. Тестирањето на учениците се спроведува во просторија одредена од училиштето, а тестирањето трае помалку од една минута. Тоа […]

ОД 8 ДО 14 ОКТОМВРИ ОД КОВИД-19 ПОЧИНАЛЕ 105 ЛИЦА, ОД КОИ 79 НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ

Во период од 08.10 до 14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид-19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, вакцинирани биле 26 пациенти починати со Ковид-19. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.   Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.563.990 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 45 ОТСТО ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, […]

75% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ И 79% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ СО КОВИД-19 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 14.10.2021 на територија на државата 40.208 […]

МНОГУ АНАЛИЗИ ЈА ПОТВРДУВААТ ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани. Истражувањето на Цивика мобилитас, потврдува дека во последните три и пол месеци: 14.500 помалку заразени […]

ВО СКРИНИНГОТ ЗА КОВИД-19 ОПФАТЕНИ 364 ОСНОВНИ И 109 СРЕДНИ УЧИЛИШТА, ВАЖНО Е РОДИТЕЛИТЕ ДА ГО ПОДДРЖАТ ТЕСТИРАЊЕТО

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје. По претходно добиена писмена согласност од […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.554.372 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 45% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот се аплицирани вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 […]

ЕВРОПСКИ ДЕН НА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО ПОСВЕТЕН НА СЕМЕЈСТВАТА НА ДОНАТОРИТЕ НА ОРГАНИ

По повод Европскиот ден на органодонорството, денеска, се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето органи и ткива, како и донирањето коскена срцевина како  начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина. По повод […]

ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА НА ГАК ИЗВРШЕН ЕКСТРАПЕРИТОНЕАЛЕН ЦАРСКИ РЕЗ

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети родилката и нејзиното новородено, сместени на одделот за пуерпериум при ГАК. Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време […]