Соопштенија

ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ ДО ВЛАДАТА ЗАБРАНЕТО ГОСТУВАЊЕ НА ПЕЈАЧИ И ДИЏЕИ, НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ГОСТИ НА ЕДНА МАСА ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека има зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години и истакна дека нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години, и под 10 […]

ФИЛИПЧЕ: ЖЕНИТЕ ОД ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ГИНЕКОЛОГ

Пациентките од општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог. На вчерашната средба, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутираа околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга. Локацијата за ординацијата е најдена, а на средбата беше договорено ресорното министерство да […]

ФИЛИПЧЕ: НОСЕЊЕТО МАСКИ ВО УЧИЛИШТЕ НЕ ПРЕТСТАВУВА НИКАКОВ РИЗИК ЗА ДЕЦАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека превентивните мерки се димензионирани за максимално да го штитат здравјето на децата. Тој потенцираше дека носењето на маска во училиште не претставува никаков ризик за децата. „Нема никаков ризик, ниту по респираторниот систем. Тоа е единствениот начин во […]

СРЕДБА ФИЛИПЧЕ-БРНЗ: САД Е НАШ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР ВО ЈАКНЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска, оствари работна средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, на која и се заблагодари за континуираната поддршка во унапредување на здравствената заштита и успешно справување со коронавирусот во нашата држава. -САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем. Упатувам посебна благодарност […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СЕ СРЕТНА СО МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ОД ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА: СЕКОЈ ЧОВЕК ВО ЗДРАВСТВОТО Е ВАЖЕН И ЌЕ НАПРАВАМ СЕ ДА ГИ МОТИВИРАМ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, утрово во својот кабинет, се сретна со Зорица Љубичиќ Митиќ, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа трите медицински сестри од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, кои во текот на вчерашниот ден поднесоа откази до управата на Клиниката. -Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата […]

СВЕТСКИ ДЕН НА СРЦЕТО – ЛИЦАТА СО КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ ДО МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

По повод одбележувањето на 29 септември – Светски ден на срцето, потсетуваме на препораките од Светската здравствена организација за заштита од вирусот Ковид-19, имајќи предвид дека лицата со кардиоваскуларни заболувања се една од најчувствителните групи.   Светската здравствена организација препорачува: практикување физичка активност, здрава исхрана, соодветна хидратација и квалитетен сон, како и одржување на социјалните контакти […]

ФИЛИПЧЕ: НАБАВУВАМЕ БРЗИ ТЕСТОВИ КОИ ЗА 15 МИНУТИ ДЕТЕКТИРААТ КОВИД-19

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“, истакна дека се планира надградување на стратегијата за тестирање.-Сега на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот, не на антителата, меѓутоа се брзи и за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија и без лабораториски апарат. […]

ФИЛИПЧЕ: НАБАВУВАМЕ БРЗИ ТЕСТОВИ КОИ ЗА 15 МИНУТИ ДЕТЕКТИРААТ КОВИД-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“, истакна дека се планира надградување на стратегијата за тестирање. „Сега на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот, не на антителата, меѓутоа се брзи и за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија и без лабораториски […]

ФИЛИПЧЕ: ГИ ЗАСИЛУВАМЕ КОНТРОЛИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ И ПРОТОКОЛИТЕ КОИ СЕ НА СИЛА, ОД СИТЕ НАС ЗАВИСИ КАКВА ЕСЕН ЌЕ ИМАМЕ И КАКО ЌЕ ГО ПРЕМОСТИМЕ И ОВОЈ БРАН

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја, но и во Европа, најава за следните чекори на Министерството за здравство и Владата, како и за есенскиот период кој е пред нас. „Дозволете да дадам генерален заклучок дека состојбата кај нас, како и секаде […]

ФИЛИПЧЕ: АКО ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СЛИКА Е СТАБИЛНА, ВО НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ДОЗВОЛИ УШТЕ НЕКОЈА ГРУПА ОД ДЕЦАТА ДА БИДЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон…/Rruga drejt…“ на Алсат М телевизија истакна дека ако епидемиолошката слика е добра и стабилна, на почетокот на месец ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата. Од 1 октомври, со физичко присуство […]