Соопштенија

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ПОЧНУВА НА 22 НОЕМВРИ, КОГА Е ОПТИМАЛНО ВРЕМЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, ПИКОТ НА АКТИВНОСТА НА ВИРУСОТ НА ГРИП СЕ ОЧЕКУВА ВО ФЕВРУАРИ

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година. За претстојната сезона 2019-2020 година, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници. Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална […]

НАБАВЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕРМАТОЛОГИЈА

Универзитетската клиника за дерматологија набави нова медицинска опрема во вкупна вредност од речиси половина милион денари, која ќе обезбеди највисок стандард на дијагностика за пациентите кои се лекуваат на оваа клиника. Од денеска, на клиниката во функција се: нов апарат за пресотерапија и лимфна дренажа за лекување хронична венска инсуфициенција, примарни и секундарни лимфедеми на […]

ЕДНА ГОДИНА НАШИ ИСКУСТВА СО НАЈНОВАТА ИНОВАТИВНА ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на прес конференција, во организација на Универзитетската клиника за неврологија и Здружението на невролози, по повод споделување досегашни искуства од најновата иновативна терапија за мултипла склероза достапна во земјата.  Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека Министерството за здравство посветено работи […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЗА ФАКТОР: ГРАДЕЖНИТЕ ГИГАНТИ ФРАНЦУСКА BOUYGUES И ГЕРМАНСКИ VAMED ВО ТРКА ЗА ИЗГРАДБА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во интервју за медиумот Фактор изјави дека градежните гиганти кои влегоа во втората фаза од процесот за избор на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје се две компании германската Vamed и француската Bouygues construction. „Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ФОРМИРАН Е ЦЕНТАР ЗА ДОЈКА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

Со инсталирањето на новиот дигитален мамограф во Клиничката болница во Битола е формиран Центар за дојка. „Со инсталирањето на новиот дигитален мамограф, во Клиничката болница во Битола веќе е формиран Центар за дојка. Тоа значи дека секоја жена на едно место може да направи мамографија, ехо преглед и магнетна резонанца. Превенираме болести на дојка. Ракот […]

ОБЕЗБЕДИВМЕ НАД 30 МОЛЕКУЛИ СКАПА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА, СИТЕ ЖЕНИ СО РАК НА ДОЈКА ИМААТ ТЕРАПИЈА-ВОВЕДЕНА НОВИНА ЗА ДВОЈНО ЧИТАЊЕ МАМОГРАФСКИ СЛИКИ

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка. Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им […]

ФИЛИПЧЕ: СЕ ВОВЕДУВА НАЈНАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СКРИНИНГ НА РАК НА ДОЈКА ВО РАНА ФАЗА

Во Клиничката болница Битола, денеска, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и директорот на болницата, д-р Зоран Лазаров го пуштија во употреба новиот дигитален мамограф.  -Обезбедивме најсофистициран апарат за дијагностика на рак на дојка, кој денеска се користи во сите современи светски клиники. Дигиталниот мамограф во споредба со  […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НА НОВА ХИРУРШКА САЛА И РЕНОВИРАЊЕ НА БОЛНИЧКИОТ ОДДЕЛ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОРАКАЛНА И ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА

Изградба на нова хируршка сала со комплетна опрема, како и реновирање на нов болнички оддел се новините на кои интензивно се работи на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија. Новата хируршка сала е комплетно опремена со нова опрема и ќе биде една од најмодерните и опремени сали на ниво на цела држава. Со новиот […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЈА ПОДДРЖУВА АКЦИЈАТА „ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ЖЕНСКОТО СРЦЕВО ЗДРАВЈЕ“

Министерството за здравство ја поддржува акцијата „Црвен аларм за женското срцево здравје”, во организација на Универзитетска клиника за кардиологија и со поддршка од Здружението на матични и семејни лекари и Центарот за семејна медицина, со цел превенција на кардиоваскуларните заболувања кај женската популација болести се водечка причина за смрт на глобално ниво. -Болестите на циркулаторниот […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОД СТРУГА: ГО РЕШИВМЕ ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ, СТРУЖАНИ ИМААТ ДОСТАПНИ ЛЕКОВИ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, попладнево посети неколку аптеки во општина Струга, за да се информира како тече мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт. „Струга беше една од првите општини во која ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките во овој град. Граѓаните во овој регион, од месец […]