СО МЕРКИТЕ КОИШТО ГИ ПРЕЗЕДОВМЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ ДВЕ ГОДИНИ ОТВОРАМЕ ОПЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ДОКТОРИ

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска, оствари средба со најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од академската 2018/2019 година, коишто оствариле 10,00 просек. Им честита на постигнатиот успех и им посака градење кариерата во нашата држава, каде што значително се подобрени условите за вработувањата за младите и просперитетни лекари.

-Со новите мерки кои ги воведовме во изминативе 2 години, успеавме да ги привлечеме и да ги задржиме и најдобрите кадри на кои сме неизмерно горди, а со самото тоа отвораме опции за нови вработувања и за младите. Верувам дека и овие млади луѓе ќе бидат дел од квалитетниот здравствениот систем што го градиме и каде човечкиот капитал вистински се цени и вреднува, истакна на средбата министерот Филипче.

Тој додаде дека со задоволство поразговарале на повеќе образовни теми, но и практични теми, и ги споделиле искуствата од областа на медицината.

Сподели на:

Related Posts