Соопштенија

ВО ФИНАЛНА ФАЗА Е ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА ЛИСТА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕЗИ

Трансплантацијата во земјава е еден од приоритетите на Министерството за здравство и на Владата на Република Северна Македонија. Министерството за здравство е во финална фаза на изработка на Националната листа за трансплантации на бубрези и до крајот на октомври на листата ќе има повеќе од 150 хла типизирани пациенти на дијализа кои имаат потреба од […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПОДДРШКА НА ХЕРА И УНФПА ГО РЕАЛИЗИРА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО И ВЕРИФИКАЦИЈАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ И МОНИТОРИНГОТ ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ЗА АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА СРЗ 2018-2020

Министерството за здравство со поддршка на ХЕРА и УНФПА го реализира презентирањето и верификацијата на Извештајот и мониторингот за сексуално и репродуктивно здравје за Акцискиот план за СРЗ 2018-2020, усвоен на Владата на Северна Република Македонија. На овој консултативен состанок беа презентирани досегашните резултати од спроведување на активностите во период од 2018-2020. Токму овој вид […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН ПОСВЕТЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Притисокот што го налага новиот начин на живот,  посебно по појавата на социјалните медиуми создава основа за развој на депресија особено кај младите на возраст од 15 до 24 години. Ова е пораката на докторите од Универзитетска клиника за психијатрија–Скопје по повод одбележување Светски ден посветен на менталното здравје. -Од исклучителна важност е раното детектирање на […]

ВТОР РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ПРОМОЦИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИСТАНБУЛСКА КОНВЕНЦИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА

Во рамки на вториот регионален форум за промоција и имплементација на Истанбулската конвенција во земјите од Западен Балкан и Турција, кој се одржува во Тирана (9-10 октомври), учествува претставничката од Министерството за здравство и координатор за еднакви можности, Нермина Факовиќ . На овој форум, земјите кои ја ратификувале Истанбулската конвенција ги споделуваат своите достигнувања во оваа […]

ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ВО 10 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ, СЛЕДУВА ПОДОБРУВАЊЕ И ВО ДРУГИ 34 ЈЗУ

Министерството за здравство максимално е вложено кон подобрување на условите за престој на пациентите во болница, како и за враќање на достоинството на сите здравствени работници. За првпат, Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија овозможија секој млад лекар да се ангажира во системот на јавно здравство. Со измената на Законот за здравствена […]

ВОВЕДЕНА НОВИНА ЗА ДВОЈНО ЧИТАЊЕ НА МАМОГРАФСКИТЕ СЛИКИ, ЗНАЧИТЕЛНО ГО УНАПРЕДУВАМЕ МАМОГРАФСКИОТ СКРИНИНГ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА

Министерството за здравство првпат од функционирањето на мамографски скрининг воведува значајна новина за двојно читање на мамографските слики, со што мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози. Овој начин на работење е воведен во шест центри во земјата, односно во трите мамографски центри во Скопје – ГОБ […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СЛЕДУВА МЕНУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ, КОЈА Е НЕПРОМЕНЕТА 10 ГОДИНИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во гостувањето во утринската емисија на Сител телевизија посочи дека секој граѓанин, секој пациент има право да има пристап до лек во кој било ден од месецот. „Со мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт решен е проблемот со недостигот на лекови. Нема да има повеќе […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НА НОВА, СОВРЕМЕНА ХИРУРШКА САЛА ВО БОЛНИЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера ја посети Општата болница со проширена дејност Гевгелија, која е во фаза на подобрување на условите. „Преку ИПА Програмата за погранична соработка соработка со Република Грција тек е изградба на нова, современа хируршка сала во оваа болница. Исто така, во фаза е и комплетно реновирање и преадаптација […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО ПОСЕТА НА АПТЕКИ ВО ГЕВГЕЛИЈА: ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ДОСТАПНИ ЛЕКОВИ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска посети неколку аптеки во Гевгелија, кадешто на лице место се информираше како тече мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт. „Граѓаните во секое време ја подигнуваат својата терапија и повеќе не стравуваат дека можат да останат без потребниот лек. Тие се снабдени со лекови во […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: ПОЗДРАВЕНА МЕРКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА КВОТИТЕ ЗА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Здружението на пензионери-Гевгелија, на која разговарaа за пакетот мерки што Министерството за здравство ги спроведува за унапредување на здравствениот систем во Република Северна Македонија. „Денеска го отворивме новото одделение за акутни состојби во ЈЗУ Психијатриска болница-Негорци. Во фаза е подобрување на условите во Општата […]