Соопштенија

ОД ТЕМЕЛ ИЗГРАДЕНО НОВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АКУТНИ СОСТОЈБИ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА – НЕГОРЦИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со државниот секретар, д-р Владимир Милошев денеска ја посетија Психијатриската болница-Негорци, во Гевгелија по повод отворање ново одделение за акутни состојби во психијатријата, во рамки на оваа јавна здравствена установа. Новото одделение е изградено од темел, на место на постојното одделение, кое беше од дрвена конструкција и во […]

ЗА ПРВПАТ СИТЕ ЖЕНИ СО РАК НА ДОЈКА ИМААТ ТЕРАПИЈА, ОБЕЗБЕДИВМЕ БЕСПЛАТНИ ОРТОПЕДСКИ ГРАДНИЦИ И ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ОВИЕ ПАЦИЕНТИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска чекореше на Маршот „Напред розово“, кој 11-та година по ред се одржува за подигнување на свеста и против ракот на дојка.   Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија во изминативе две години спроведуваат мерки за подобрување на здравјето и животот на овие пациенти. „За […]

ВО ТЕК Е НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „БИДИ СРЦЕВИНА, БИДИ ХЕРОЈ“ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ДОБРОВОЛНИ ДОНОРИ НА МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ

Во тек е националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ за зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина. Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години […]

ОД ДЕНЕСКА ВОЛОНТЕРИ НА ЦРВЕН КРСТ КАКО ВОДИЧИ ЗА ПОЛЕСНО СНАОЃАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО КОМПЛЕКСОТ КЛИНИКИ ВО СКОПЈЕ

Петнаесет волонтери ќе помагаат за полесно снаоѓање на пациентите во  Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје. Проектот се спроведува во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Црвениот Крст на Град Скопје.  Волонтерите се лоцирани на на седум најфреквентни локации во комплексот клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СО УКИНУВАЊЕТО НА КВОТИТЕ ЗА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ ПАЦИЕНТИТЕ СО ДОСТАПНИ ЛЕКОВИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕСЕЦ БЕЗ НИКАКВО ОГРАНИЧУВАЊЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашната дебатна емисија „Економски магазин“ на Алсат-М телевизија посочи дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт граѓаните ќе имаат достапни лекови во текот на целиот месец без никакво ограничување. „Достапни ќе бидат сите лекови од позитивната листа на лекови за коишто матичниот лекар ќе препише […]

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ И НА УЛОГАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ И ЦЕНТРИТЕ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

Претставници од Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје учествуваат на работилница на тема – Зајакнување на јавното здравје и на улогата на националниот Институт за јавно здравје, Центрите за јавно здравје. На оваа работилница свое учество имаат и претставници од Светската здравствена организација, со чија поддршка и се реализира оваа […]

ПОДИГНУВАЊЕТО НА СВЕСНОСТА ЗА ДЕМЕНЦИЈАТА ВО ЈАВНОСТА Е КЛУЧНО ЗА РАНА ДИЈАГНОЗА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска се обрати на вториот по ред „Dementia Master Class“ – настан од серијата едукативни состаноци кои се одржуваат во земјите на Западен Балкан, со цел вмрежување и размена на искуства меѓу експерти од регионот и локални професионалци, вклучени во третманот и грижата на лицата со деменција. Во […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЗА ПРВПАТ ОБЕЗБЕДЕНА Е ОРАЛНА ТЕРАПИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКАТА БОЛЕСТ ГОШЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се обрати на настанот посветен на 1 октомври – Интернационалниот ден на Гоше. Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека од пред неколку денови за првпат достапна е оралната терапија за пациентите со ретката болест Гоше, покрај инфузионата терапија, со која значително се олеснува начинот на примање […]

ВОВЕДЕН ЦЕЛОСНО НОВ МОДЕЛ ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОПРЕЧЕНОСТ – ДЕЦАТА И СЕМЕЈСТВАТА ДОБИВААТ ПОДДРШКА ЗА ДОСТОИНСТВЕНО ДЕТСТВО ВО КОЕ ЌЕ СЕ РАЗВИВААТ И НАПРЕДУВААТ

Заменик министерот за здравство, Асим Муса,  заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и Британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галуеј, денеска го посетија Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади каде се применува нов модел […]

ПОД МОТОТО „БИДИ ХЕРОЈ НА СРЦЕТО, ДАЈ ВЕТУВАЊЕ“, ДЕНЕСКА СЕ ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО

Биди херој на срцето дај ветување дека ќе живееш здраво. Под ова мото денеска се одбележа Светскиот ден на срцето. Во Градскиот парк кај Школка, во организација на Институтот за јавно здравје и „ЗДРАВА ИДНИНА“- Здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања, а со поддршка од Министерството за здравство, на присутните граѓани им се одредуваше шеќер […]