Соопштенија

На владина седница, усвоена е Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје

На денешната 148. седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка. За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата во […]

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО КУМАНОВО: ПАЦИЕНТИТЕ ОД СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН НА ЗЕМЈАТА НА ЕДНО МЕСТО ЌЕ ГИ ДОБИВААТ СИТЕ НЕОПХОДНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, присуствуваше на отворањето на ново изградениот Ургентен центар во рамки на општата болница во Куманово. Покрај него, на настанот присуствуваа и заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи […]

ДОЕЊЕТО – НАЈДОБАР НАЧИН ЗА ИСХРАНА НА ДОЕНЧИЊАТА И ОСНОВА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ВО АДУЛТНАТА ВОЗРАСТ

Во пресрет на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1-7 август, претседателката на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова, информираше за активностите на поткомитетот, со цел потенцирање на важноста на доењето од медицински и општествен аспект.  – Оваа година, мотото на Светската асоцијација за доење (WABA) […]

СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА И ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Собранието на Република Северна Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Со усвоените дополнувања, се бришат одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на полагањето на испит за директор на здравствена установа, од причина што со полагањето на предвидениот испит за директор […]

ПАТРОНАЖНИТЕ СЕСТРИ СЕ КЛУЧНИ – ПРЕКУ ОБУКИ И ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА РАБОТА ГО ЗАЈАКНУВАМЕ НИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПОДОБРА ИДЕНТИФИКАЦИЈА, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки со поддршка од Министерството за здравство и УНИЦЕФ, денеска, одржаа работен состанок на кој патронажните сестри, директори на здравствени домови, претставници на Министерството и здравствени експерти дисктутираа како целосно да се искористи потенцијалот на патронажните сестри за подобра идентификација, превенција и подобрување на здравјето на населението. Патронажните сестри […]

ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ПРИЛЕП ДОБИ ДОНАЦИЈА АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ОД ТИКА

Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп денеска доби донација – амбулантно возило. Станува збор за донација обезбедена од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.  Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче се заблагодари за возилото за транспорт на пациенти, со кое се зајакнуваат капацитите во болницата и се подобруваат здравствените услови и услуги. […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЗА ДИСПЕРЗИЈАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ ВО КИСЕЛА ВОДА Е ПОСТИГНАТ КОНСЕНЗУС СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА ОД ОВАА ОБЛАСТ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска одржа тематски брифинг за медиумите, во врска со дисперзијата на Центарот за зависници во Кисела Вода. Министерот Филипче информираше за сите чекори во спроведувањето на дисперзијата, како и за конкретните чекори кои се преземаат за подготовка за оваа постапка. -Целта на дисперзијата е да покажеме дека секој […]

НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија и нови хируршки инструменти од денеска се ставени во употреба на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Станува збор за т.н столбови, кои се наменети и ќе најдат примена во прецизната лапароскопска хирургија. Покрај столбовите, за оваа Клиника се набавени и […]

ЗАВРШЕНА Е ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОДДЕЛЕНИЈАТА ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ПО ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕ

Завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница). Реновирањето се одвива во неколку етапи. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ја посети болницата и оствари средба со директорот на болницата д-р Иван Спировски. Третиот кат е целосно реновиран, каде […]

ДИСПЕРЗИРАНИОТ СИСТЕМ НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО УШТЕ ЧЕТИРИ ДРУГИ ОПШТИНИ, РЕШАВА ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ СО ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНОСТИ ВО КИСЕЛА ВОДА

Министерството за здравство ја известува јавноста дека се во тек подготовки за дисперзија на дел од пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција од зависности во Центарот во Кисела Вода. Со ова се решава деценискиот проблем со Центарот за зависности во Кисела Вода. Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и […]