ДЕМИРИ: ЦЕНТАРОТ ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ХЕМАТОПОЕТСКИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ПРЕТСТАВУВА ЕДНА ОД НАЈВАЖНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО


Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска се обрати на свечената академија по повод отворање на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, што пред три недели беше пуштен во употреба.

-Голема честа е денес да се обратам на свечената академија по повод отворање на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија. Изминативе неколку години, оваа установа покажа како треба да се работи во интерес на пациентите и здравствените работници. Клиниката за хематологија истовремено вложува и во подобрување на условите за третман на пациентите, како и во унапредување на условите за работа на здравствените работници.

Покрај реновирањето на установата, тука првпат почнаа да се прават и трансплантации на матични клетки од несроден дарител. Со трансплантациите им се даде нова шанса за живот на пациентите со малигни хематолошки заболувања.

Пред само неколку недели, беше пуштен во употреба и новоизградениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки што претставува една од најважните инвестиции во јавното здравство. Клиниката за хематологија веќе е етаблирана на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во регионот. Задоволен сум што овозможивме најсовремен и најдобар медицински третман за пациентите, посочи во поздравното обраќање министерот Демири.

Сподели на:

Related Posts