ДЕНЕСКА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ГО ПОСЕТИ ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО, КАДЕ СЕ СРЕТНА СО РЕКТОРОТ, ПРОФ. Д-Р РЕШАТ ЌАИЛИ

Денеска министерот за здравство, Беким Сали го посети Државниот Универзитет во Тетово, каде се сретна со ректорот, проф. д-р Решат Ќаили. За време на средбата се разговараше за можностите за развој и унапредување на дејноста на Медицинскиот факултет на овој Универзитет и Клиничката болница во Тетово, како и за потребата од нивно просторно проширување.- Во време кога во светски рами се соочуваме со ковид пандемијата, секако дека и ДУТ има за цел да се прилагоди на барањата на времето, за да одговори на институционалната обврска што не обврзува сите. Како министер за здравство се заложив дека ќе бидам во служба на овој едукативен центар и на клиничката болница, бидејќи имаме обврска да им служиме на институциите и на граѓаните воопшто – истакна министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts