МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА ИМАШЕ КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО, Д-Р АМИР ЕЛЕЗИ

Министерот за здравство денеска имаше конструктивна средба со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Амир Елези на која разговараа за предизвиците со кои се соочува болница и идните планови во однос на унапредување на условите за третман на пациентите од една и статусот на здравствените работници од друга страна.Исто така министерот Сали присуствуваше и на Стручниот колегиум каде заедно со медицинскиот персонал дискутираа за актуелната состојба со ковид, но и идните чекори кои се преземаат за поуспешно фунционирање на тетовската болница.
-Во рамки на оваа моја посета направив обикола и на просториите каде во тек се активности за отворање нов Центар за деца со аутизам, проект во соработка и поддршка со бугарската амбасада, за што сме им благодарни за континуираната помош во нашиот здравствен систем – потенцираше министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts