ДЕТСКАТА КЛИНИКА ДОБИ АПАРАТИ ЗА МЕХАНИЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче  присуствуваше на настан по повод донација на апарати за механичка вентилација во домашни услови на Клиниката за детски болести во Скопје. Со овие апарати, пациентите ќе можат наместо во болница да престојуваат во домашни услови.

Станува збор за апарати кои се донација од спортските обложувалници „Моцарт“, а средствата за набавка на оваа медицинска опрема се собрани преку кампањата која за време на Светското фудбалско првенство 2018 се одвиваше на сите уплатни места на „Моцарт“.

Медицинската опрема е наменета пред се за пациенти со церебрална парализа во поодмината фаза, како и за пациенти со невромускулни заболувања.

Цената на еден ваков апарат е околу 550 илјади денари.

Сподели на:

Related Posts