ДОНАЦИЈА ОД МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО ПРИСТИГНА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

Во духот на билатералните пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати вчера на аеродромот во Скопје пристигна 10 тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Доделената помош е во рамките на Емиирејтс еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби.

Министерството за здравство доби донација од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари  и ковид тестови од Обединетите арапски емирати. Опремата и тестовите во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се заблагодари за оваа донација посочувајќи дека во време кога целиот здравствен систем секојдневно се бори со зголемениот број на пациенти од вирусот Ковид 19, секоја помош е добредојдена.

Сподели на:

Related Posts