ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР, ЈУСУФ ХАСАНИ СО СВОЕ ОБРАЌАЊЕ НА ОБУКАТА ОРГАНИЗИРАНА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО

– Здравствениот систем не може да функционира ако ги немаме на време обезбедено потребните средства за работа, ако не функционира правилно системот на човечките ресурси, ако нема кој да укаже на правилата кои произлегуваат од прописите кои се однесуваат на здравствената заштита и здравственото осигурување – заради заштита на правата на осигураните лица, на евиденциите од областа на здравството, на заштитата на населението од заразни болести – ова го истакна државниот секретар на Министерството за здравство, д-р Јусуф Хасани на обуката организирана од Здружението на правници од здравството наменета за директори на ЈЗУ, правници и економисти.

Тој исто така ја потенцираше нивната значајна улога при прописите кои се однесуваат на правилата од областа на фармацијата, како и останати прописи кои ги тангираат здравствените установи и здравствениот систем воопшто во текот на своето функционирање/работење.

-Тоа, ние здравствените работници го препознаваме, го прифаќаме и признаваме. Тоа ја детерминира вашата улога во нашиот здравствен систем како значаен дел за неговото правилно и ефикасно функционирање, потенцираше д-р Хасани во своето обраќање.

Сподели на:

Related Posts