ДВОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА – ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВОТО, ФОКУС НА РЕФОРМИТЕ ВО ПЗЗ

На дводневната конференција по повод одбележување една година Влада, се одржа панел сесија, на тема „Социјални и здравствени политики во време на криза“, на која се дебатираше за ефектите од антикризните мерки, воведувањето нови методологии за раст, како и за здравствените политики во изминатата и оваа година.

Министерот за здравство, д-р Беким Сали укажа на важноста на дигитализацијата и колку таа може да придонесе за унапредување на здравствениот систем, со посебен фокус и на реформите во примарната здравствена заштита, кои се меѓу врвните приоритети на Министерството за здравство изминатиот период, а воедно се дел од Стратегијата на министерството за периодот 2021-2030 година.

-Веќе е изготвена и во завршна фаза е промовирањето на мобилната апликација и порталот за пациенти „Мое здравје“. Преку порталот и мобилната апликација секој граѓанин ќе има можност за увид во своите податоци од националниот систем Мој термин. Пристапот ќе биде единствениот профил од порталот за Е-услуги. Меѓу позначајните инвестиции реализирани минатата година, сакам да го истакнам и зајакнувањето со нова апаратура за дијагностика, како што е набавката на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, за кои инсталацијата е во тек, обезбедени се во соработка со Светска банка, вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 13.6 милиони евра. Со поддршка од Светската здравствена организација и Светска Банка, почна и амбициозен процес за реформа на системот за примарна здравствена заштита, со цел да се модернизира и  да се внесе во дигиталната ера, да се интегрираат услугите со други области на здравствениот систем и да го преориентира пристапот да се фокусира на опслужување на заедниците и пациентите место на лекување на болести, истакна министерот Сали.

На панел дискусијата учествуваше и советничката на претседателот на Владата, д-р Ана Данева Маркова, зборуваше за механизмите на Владата за да го забрза пристапот до нови лекови и за мајчиното и здравјето на новороденчињата и здравствена заштита во нашата држава.

Сподели на:

Related Posts