ЕДНА ГОДИНА НАШИ ИСКУСТВА СО НАЈНОВАТА ИНОВАТИВНА ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на прес конференција, во организација на Универзитетската клиника за неврологија и Здружението на невролози, по повод споделување досегашни искуства од најновата иновативна терапија за мултипла склероза достапна во земјата. 

Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека Министерството за здравство посветено работи на унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза и воведување иновативна терапија за овие лица.

– Оваа година повеќекратно го зголемивме бројот на пациенти кои се на третман со иновативната терапија „Ocrelizumab“, и тоа од девет пациенти, кои минатата година беа на третман со оваа терапија, сега неа ја примаат вкупно 43 пациенти со оваа дијагноза. Досегашното искуство покажува дека со примање иновативни лекови може да се контролира прогресијата на болеста, истакна д-р Милошев.

Дополнително, од оваа година Универзитетската клиника за неврологија доби поголем условен буџет од Фондот, наменет токму за лекови за мултипла склероза.

На прес конференцијата се обратија и директорот на Универзитетската клиника за неврологија, д-р Иван Барбов и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев. Целта на настанот е запознавање на јавноста со иновативниот третман за пациентите со мултипла склероза, како болест која најчесто се јавува кај младата популација на возраст од 20 до 40 години, како и споделување на досегашните искуства со најновата иновативна терапија за мултипла склероза достапна во нашата земја.

Сподели на:

Related Posts