ФИЛИПЧЕ: НАБАВУВАМЕ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ПРЕКУ КРЕДИТОТ ОД СВЕТСКА БАНКА

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма потенцираше дека, преку кредитот од Светската банка се обезбедуваат 45 милиони денари за брзи тестови.

-Тоа ќе бидат тестови кои ќе чинат помалку од 1000 денари и ќе бидат за сите болнички установи каде што ќе има потреба од брз тест. Таму каде што за пациентот веднаш треба да знаеме, врз основа на симптомите и проценка на клиничката слика, во кој дел од болницата треба да се лекува, дали му е потребен третман на Инфективна клиника или не. Воедно и дали и за друга патологија се лекува, можеби е асимптоматски носител, во чистиот или во делот којшто бара заштитна опрема на персоналот, потенцираше министерот Филипче.

Сподели на:

Related Posts