ФИЛИПЧЕ: ПО ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА НА СРЦЕ, ПАЦИЕНТОТ Е ДОБАР И ЗАЗДРАВУВА

Добро се чувствува педесет и тригодишниот пациент, кому завчера му беше трансплантирано срце. Министерот за здравство, Венко Филипче утрово објави дека пациентот се опоравува.

-Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики, објави Филипче.

Пациентот со тешка срцева аномалија му беше трансплантирано срце од млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ била дијагностицирана мозочна смрт. Нејзиното семејство одлучило нејзините органи да ги донираат, а од пациентката се експлантирани и коскени ткива и дека еден од нејзините бубрези е трансплантиран на друга пациентка.

Сподели на:

Related Posts