ГАЛИЧНИК ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ДОБИВА ПАТРОНАЖНА СЛУЖБА ОД ЛЕКАР И МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Министерството за здравство информира дека Галичник од 5 јули добива патронажна служба составена од лекар и медицинска сестра.

Во наредните 3 месеци, па се до крајот на летната сезона, овој мобилен сервис ќе ротира секој петок во Галичник од Здравствен Дом Ростуше, во периодот од 09 до 14 часот, во една од просториите во Вила Доста.

Досега, жителите од Галичник за преглед се упатуваа во Гостивар и Маврово, а од 5 јули тие ќе можат да добијат здравствена заштита и услуга поблиску до домот.

Сподели на:

Related Posts