ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ СО НОВ ДИГИТАЛЕН АНГИОГРАФ И АПАРАТУРА ЗА ЕХО ДИЈАГНОСТИКА ОД ЈАПОНСКАТА GGP ПРОГРАМА

Заокружени се два значајни проекта финансирани преку јапонската Програма за мали грантови (GGP) чија вредност е над 160 илајди евра. Во ГОБ „8 Септември“ од денес пациентите со кардиоваскуларни заболувања имаат можност за дијагностика и лекување со новиот дигитален ангиограф на одделот за кардиологија во вредност од над 100 илјади евра, информира министерот за здравство, д-р Беким Сали, кој присуствуваше на настанот за предавање на медицинските апарати од Јапонската амбасада на оваа болница.

Станува збор за значајна донација со која според проценките двојно ќе се зголеми капацитетот за кардиолошки процедури во оваа здравствена установа.

– Во врска со новиот ангиограф, голема благодарност до Јапонската амбасада иако програмата за грант изнесуваше околу 80 илјади евра со нивни напори се надмина тој лимит и се овозможи оваа современа апаратура и опрема да биде достапна за нашиот народ. Значајни се и придобивките од инсталирањето на дигиталниот ехо апарат на одделот за интервентна радиологија за дијагностика на пациенти со канцерогени заболувања на внатрешни органи во вкупен износ од 61 илјада евра, рече Сали.

Со новата апаратура за ехо дијагностика, за една година се извршени 800 комплексни интервентни процедури и 2000 ехо прегледи.

Преку јапонската програма за мали грантови досега се финансирани над 60 проекти во здравствениот сектор во вредност од над три милиони евра во медицинска опрема, реновирање клиники, возила за брза помош и друго. Јапонија во последните две години во јавните здравствени установи донираше медицинска опрема во вредност од 813 илјади евра како итна помош за Ковид 19.

Сподели на:

Related Posts